Интервју со Џек Халберстам: И неуспехот е уметност

Интервју со Џек Халберстам: И неуспехот е уметност

Минатата недела Летната школа за сексуалност, политика и култура во организација на Ипак центарот беше домаќин на една од најголемите ѕвезди на современите родови студии и квир теории – Џек Халберстам, трансродова личност и активист, критичар на современата уметничка, филмска и книжевна сцена, чии предавања секогаш го привлекуваат вниманието преку специфичноста во пристапот на зададената тема. Така беше и овој пат. „Во името на неспехот“ беше насловот на трибината на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград. Неуспехот или пропаѓањето е само едно од полињата на интерес на овој теоретичар и хроничар на промените на современата културна сцена кои интригираат веќе од самите насловина неговите досега објавени книги: „Готски хорор и технологијата на монстурумот“ (1995), „Женска маженственост“ (1998), „Квир ументност на неуспехот“ (2011) како и најновата „Гага феминизам: Секс, род и крајот на нормалноста“ (2012). Како да се пропуштиии оваа можност да не се запознае Џек Халберстам?

 

И навистина како што очекувавме, во прашање е целосно специфична личност. Духовит, мистериозен и расположен за разговор. Во доменот на интересите, би рекле, прилично детален. Според него, прашањето на разбирањето и доживувањето на родот се има сменето во последните децении. Строгите делби на машко и женско рапидно се бришат. Така се сменил и тој. И затоа радо зборува за тоа како Џудит стана Џек…

 

За почеток, која е денеска дефиницијата на квир термиот?

 

Терминот квир има многу значења во америкаснкиот акаденски контекст. На крајот на осудесетите години и почетокот на деведесетите, група на академици одлучи да се спротистави на сексуланиот систем кои ги маргинализираше геј, лезбејските и транс групации, но правата цел на нивнато истражување беше трансфромацијата на културата во повеќе аспекти. Геј, лебејските и транс организации сакаа да се изјаснат како еднакви општествени чинители кои имаат семејства и плаќаат данок на државата. Меѓутоа, поради големиот политички притисок и критика на овие студии, тогаш тоа беше дефинирано како квир. И тогаш беше лесно и самите да признаеме: „Да, во право сте. Ние не сме нормални! И не сакаме да бидеме нормлани“. Сметаме дека нормалното не е нешто спрема кое треба да целиме. Досадно е! Не води никаде! И затоа ја прифаќаме етикетата „квир“, затоа што сметаме дека е многу повозбудлива. Всушност еден навредлив термин го прифативме како сопствен знак.

 

Вашата книга е насловена „Квир уметност на несупехот“? Што значи тоа?

 

Неуспехот е неизбежен резлутат на систем каков што е капитализмот, кој е дизјаниран на начин да им носи сè повеќе пари на сè помал број на луѓе. И служи само за тоа. Тое е верзијата на капитализмот во кој живееме во Америка и на кој неодама укажа движењето Окупирај, кога 90 насто од луѓето се побуни против 10-те насто. Нашата економија не произведува она што треба, освен богати банкари. Во такво општество, успехот значи профит. Во превод, во смисла на сексуалноста системот поддржува исклучиво репордукција, семејност и хетеросексуалност. Во таквата верзија на капитализмот, ние сме осудени на пропаст. Голем број на луѓе се согласуваат да бидат поразени, за да системот не ги земе под свое. Пралелно со тоа, тука е квир критиката која мора да укаже на фактот дека доколку успехот е одреден од стапувањето во брак и раѓањето деца, тогаш ние избираме неуспех. Порадо би пропаднала во своите човечки функции, отколку да се омажам на дваесет и една годишна возраст, да родам деца и да живеам здодевен живот сè додека мојот сопруг не умре и не станам конечно слободна. Зошто да припаѓам на хетеросексуалната култура, која е уништена и нè уништува, исцрпува и наметнува бројни проблеми?

 

И вие тоа го нарекувате уметност?

 

Да! Квир уметноста на неуспехот сака да сугерира дека и пропаѓањето е уметност. Тоа е вежба, начин на живот. Тоа не е само избор кој сакаме да го направиме. Тоа е до детал разработен концепт. Нешто што не можете да го направите лесно. И затоа е уметност.

 

Дали модерната уметност мора да биде квир?

 

Постојат класификации на уметности и уметници да бидат квир, понекогаш и самите така се декларираат, што е нагласено во делата на многумина, но модерната уметност не е квир сама по себе. На пример, една од најпознатите фотографки во светот Калиопи е лезбејка и во совоите дела фотографира квир личности, така што можеме лесно да заклучиме дека нејзината уметност е квир. Доколку ги земеме предвид фотографиите на Ман Реј, би можеле да кажеме дека во нив нема ништо квир. Значи, мора да постои некаква визија за светот која ја препознаваме како квир да ја дефинираме како таква. Вистина е дека голем број на значајни дела во уметноста ги произвеле луѓе кои се геј, како Енди Ворхол, Џеспер Џонс или Рашенбург, но во нивните дела сексуалноста не е битна, освен фактот што биле геј. Она што е поинтересно е што модерната уметност не започнува во шеесетите години, како што веруваат многу луѓе во Америка, со хетеросексуалноста на Џексон Полок со кој за прв пат добивме јасна и цврста врска помеѓу хетеросексуалнта мажественост и уметничкото дело. Тој со својата сперма прскал по платното кое во неговите дела е персонификација на жената и кога тоа ќе упие било родено новото ументничко дело. Но денеска таквите приказни би биле порадо заборавени, затоа што без разлика колку неговите дела биле радикални, тој всушност сугерирал дека голем број од постулатите на хетеронормативноста можат да бидат загадени. Од друга страна, делата на Енди Ворхол се неверојатни, затоа што не била за него и за неговото машко тело, туку за жените во нивиот полн гламур и помалку кемп, а не онака како некој би сакал да ги виде, туку како икони низ кои тој ја исполнува својата квир есетика.

 

Вашата книга за хорор филмовите започнува со визјата за телесните трансформации на Бафало Бил и Ханибал Лектор, негативците во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Зошто започнавте со нив, а не, да речеме, со „Психо“ на Хичкок?

 

Многумина сметаат дека хорор филмовите се грозни, мизогини, сексистички и хомофобични, но јас го набљудивав хоророт како квир жанр, затоа што во него најчесто се распаѓа хетеросескуалното општество само по себе. Во „Кога јагњињата ќе стивнат“ постои таа борба за терминот „отелотворување“ и всушност целиот филм е за тоа. Ханибал Лектор е мозокот, генијален убиец кој е десет чекори пред сите, додека пак другиот негативец Бафало бил е брутален убиец на сопственото тело. Доколку се обидеме да ја пронајдеме монструозноста кој се дистрибуира низ целиот општествен систем, гледаме дека не е лоцирана само во еден лик, како што тоа беше случајот со Франкештај или Дракула. Затоа започнав со тој филм, а не од класиците. Психо е филм на Хичкок, и многу повеќе за него. А Јагњињата е персонификација на почетокот на родовата трансформација на општеството од дведесетите до денеска.

 

Но, генерално, што е тоа што е квир во хорор филмовите?

 

Квир е тоа што американското семејство во нив не претставува идеален начин наживот, туку место на кое се развива неверојатно насилство. Куќите во кои живеат стануваат кланици и тоа директно го нарушува хетеросексуалниот начин на размилсување. Во добрите хорори се испоставува дека таткото е сериски убиец, мајката дека се сексуано неподобна и синот дека е носител на продложетокот на ужасот, и на крајот хероината на филмот е секогаш ќерката. Таа е девица и андрогина личност, суштество кое штотуку треба да ја открие сексуалноста. Во романтичните комедии целта на таквиот лик е да ја пронајде својата љубов и да оствари хетеросексуален секс. Во хорор филмовите, меѓутоа, се започнува со хетеросексуалноста за што подоцна сите биваат казнети. Во таквите околноси преживува девојката која не барала секс. Таа станува личноста која го претставува новиот свет.

 

А дали Лејди Гага е вистински претставник на современета геј сцена или ја земате како метафора во својата книга „Гага феминизам“?

 

За мене таа не претставува претставник на сцена, туку пример како таа мала невидлива квир група, која порано била прикажувана во филмовите како застрашувачка, насилна и опасна, сега станала видлива и шарена благодарение на глобалната поп ѕвезда. Лејди Гага излегува во геј клубови во Њујорк, се дружи со транс кралици, и се обраќа на геј публиката, оддржува геј бракови и тн. Но, таа и јас немаме иста позиција. Јас сакам да укажам на тој хаотичен аспект на времето во кое живееме по прашање на родот и сексуалноста. Конфузијата кој е квир и кој би сакал да биде хетеросексуален го обликувам во терминот „Гага“. Тое е вид на феминизам кој во целост не е чист. Во шеесетите години, феминистиките мислеа дека сите мажи треба да бидат прогласени за нерпијатели, дека треба да се мразат и да се борат против нив преку основањето на женски групи. Денеска тоа не може да опстане. Прашењето за родот се има сменето. Денеска постојат трансродови мажи и трансродови жени, така што во овој момент самите категории маж и жена се инкохерентни. Постојано се менуваат, што е прекрасно. Непријателите денеска доаѓаат од многу извори. Феминизмот е сè уште потребен, но во друг облик. Со таа книга се обидов да укажам на промените по прашање на родот и сексуалноста во последната деценија. Таа претставува проверка на реалноста. Укажува дека ништо повеќе не е толку необично во ера во која сè се менува.

 

И вие се имате сменето. Како Џудит стана Џек?

 

Голем број на луѓе не се декларираат по полот со кој се родени. Јас отекогаш сум била мушкобанка. Откако се занимавам со транс родови прашања стана многу збунувачки за мене да бида Џудит и „таа“ и започнав да се декларирам како трансродова жена. Тое е многу полесно денеска во квир проторот во кој многумина се изјаснуваат така и користат именка за род, но не и пол. Така на мене моето машко име ми стана покомфорно за употреба во сите домени.

 

Извор: НИН