Фејсбук уште повеќе ги унапреди опциите за родов идентитет

Фејсбук уште повеќе ги унапреди опциите за родов идентитет

Иако е подобро да се има педесет опции наместо само две, останатите луѓе се прашуваа зошто нивниот однос со членовите на своето семејство сè уште мораше да биде дефинирано само како еден од двата бинарни рода.

 

Но, отсега на Фејсбук ќе може да ги одредите вашите роднини служејќи се со небинарни родово неутрални термини. Не само што можете да ги назначите вашите роднини со употребата на термини како „брат“, „сестра“, „татко“, „мајка“, „чичко“ и „тетка“, туку и ќе можете да ја опишете врската како „роднина (родово неутрален)“ и „дете (родово неутрално)“.

 

Кога минатиот фебруари Фејбук ги прошири опциите за родов идентитет, компанијата објави соопштение во кое се велеше дека се горди што можат да понудат нова опција со која ќе им помогне на корисниците подобро да го изразат својот родов идентитет.

 

Во спооштението се велеше: „Исто така додадовме можност корисниците да ја контролираат публиката со која сакаат да го споделат својот родов индентитет. Ние знаеме дека одределени луѓе се соочуваат со потешкотии да го споделат свој вистински родов идентитет, и оваа опција им ја дава можноста на корисниците да се изразат на автентичен начин“.

 

ЛГБТ организацијата за надгледување на медиумите ГЛААД го пофали Фејсбук затоа што овозможуваа платформата да биде безбедна и пристапна на сите ЛГБТ корисници.

 

„Новата опција е чекор нанапред во признавањето на трансродовите луѓе која им овозможувва да ја раскажат својата автентична приказна со свои зборови“ – сметаат од ГЛААД.

 

Извор: Gay Star News