Во недела се одбележува Меѓународниот ден за ширење на свеста за предозирањето

Во недела се одбележува Меѓународниот ден за ширење на свеста за предозирањето

Меѓународниот ден за ширење на свеста за предозирањето, кој се одбележува на секоја година на 31 август, им оддава чест на сите луѓе кои ги изгубиле своите животи поради предозирање од дрога. Овој настан исто така претставуа можност за едуцирање на политичарите и јавноста за докажаните решенија, какви што се законите наречени „911 Добриот Самаританец“, и лековите за превенција од предозирање, каков што е налоксонот.

 

Според Центарот за контрола на болестите, од 1990 до денеска бројот на смртни случаи предизвикани од предозирање од дрога во САД се зголемил трипати. Во 2009 повеќе од триест и седум илјади луѓе починале од предозирање, а голем број од смртните случаи биле предизвикани од опијатни аналгетици кои се издаваат на рецепт каков што е оксикодонот.

 

„Случајните смртоносни предозирања продолжуваат да претставуваат сериозен проблем во САД“, смета Меган Ралстон од Алијансата за политики на дроги. „Но, организациите каква што е Американската Медицинска Асоцијација, започнуваат да даваат поддршка на пошироката достапност на налоксон. Тоа претставува добар развој и беше крајно време да се случи. Конечно гледаме вистинска промена од кривичен пристап на предозирањето со дроги кон здравствен пристап.

 

Еден од овие здравствени пристапи кон предозирањето кој го привлече вниманието на нацијата во последните неколку месеци е законот наречен „911 Добриот Самаританец“ кој досега е усвоен во девет сојузни држави во САД, вклучувајќи ги Ново Мексико, Вашингтон, Колорадо, Њујорк, Илиноис, Флорида, Масачусетс, Роуд Ајланд и Конетикат. Овие закони ги охрабруваат граѓаните кои се сведоци на предозирање да повикаат 911 без стравот дека ќе бидат уапсени за кривично дело поврзано со дрога. Родителите сметаат дека овој закон треба да се усвои во целата земја.

 

Меѓународниот ден за ширење на свеста за предозирањето беше инцирана од страна на Армијата на спасот во Австралија во 2001. Денот претставува можност за луѓето од целиот свет јавно да жалат за своите сакани кои починале од предозирање од дрога и да испратат силна порака на сегашните и поранешните корисници на дрога дека нивните животи имаат вредност и дека никој не треба да го изгуби својот живот поради смртносно предозирање кое можело да биде спречено.

 

Извор: Drug Policy