ЛГБТ заедницата се соочува нееднаквост при пристапот до здравствено осигурување

ЛГБТ заедницата се соочува нееднаквост при пристапот до здравствено осигурување

Неодамна објавена студија покажа дека е ЛГБТ луѓето во САД почесто се соочуваат со недостаток на здравстено осигурување за разлика од останатото население.

 

Студијата вчера беше објавена од страна на Галуп, а беше спроведена од страна на истражувач на Вилијамс Институтот при правниот факултет на Универзитетот на Лос Анџелес.

 

Резултатите на студијата покажаа дека повеќе од седуманесет проценти од возрасните ЛГБТ луѓе немаат здравствено осигурување во споредба со само тринаесет проценти кај стрејт луѓето.

 

Авторот на студијата, Гери Гејтс, изјави: „Резултатите од оваа студија се конзистенти со резултатите на неколку други неодамнешни студии кои ги покажуваат економските недостатоци кои се вообичаени кај ЛГБТ заедницата која често се соочува со стигма и дискриминација. Овие недостатоци се најверојатно битен фактор во објаснувањето зошто ЛГБТ Американците пријавуваат помал пристап до здравствена нега и поголем број на здравствени проблеми во споредба со останатата популација“.

 

Студијата исто така покажува дека зголемувањето на бројот на корисници на здравствено осигурување поттикнат од Законот за достапна нега им било од корист на ЛГБТ луѓето.

 

Студијата се базира на шест илјади интервјуа со ЛГБТ лица и повеќе од сто шеесет и шест илади интервјуа со не-ЛГБТ лица кои биле спроведени во периодот од јуни 2013 до јуни 2014 како дел од истражувањето на Галуп за индексот на благосостојбата.

 

Извор: Pink News