Отворање на „Distitled: PIETA“ на Велимир Жерновски во Белград

Отворање на „Distitled: PIETA“ на Велимир Жерновски во Белград

Ни претставува огромна гордост да го најавиме отварањето на изложбата на последната видео инсталиција на Велимир Жерновски насловена “Distitled: PIETA” кое на 18 август ќе се оддржи во Културниот центар РЕКС во Белград. Делото е снимено и продуцирано во соработка со ИПАК центарот.

 

Видеото е поделено на три сцени. Испирирана од Пиета на големиот Микеланџело, централаната сцена прикажува маж кој тажи врз тело кое преку ефектот на забавената снимка создава атмосфера на издолжено време. Видеото создава афективен интензитет кој го преплавува гледачот и го вовлекува во себе и ги потенцира прашањата за загубата, тагата, меланхолијата и иднината.

 

Токму овој специфичен емотивен набој кое видеото го носи со себе е она што го опседнува нашиот политички хоризонт и нè тера да се соочиме со искуствата на жалење и загуба, како и со сите негативни чувства кое се поврзани со нив. Тоа соочување ја нарушува логиката на неолибералните биополитички барања и оневозможува целосно да се прилагодиме на капиталистичата машина на среќата. Во исто време, прашањето на загубата е поставено во рамките на контекстот на незапишаната историја на квир искуствата на раниливоста, на тој начин приспитувајќи ги хетеронормативните рамки на препознатливост и разбирливост.

 

Доколку постои можноста да кажаме „ние“ додека се емотивно заглавени во скоро неподносливата атмосфера на видео инсталацијата на Жерновски, тогаш оваа можност можеме да ја најдеме во рамките на нашето заедничко искуство на изложеност и опстојување во релации, во рамките на двојното искуство на ранливоста и променливоста која ги пресекува нашите тела и која произлегува од нашите телесни животи.

 

Изложбата е исто така дел од отварањето на Летната школа за сексуалности, култури и полтика, 2012