13 Aug Холандија го промени законот за да го олесни барањето азил од страна на ЛГБТ Русите
Поради руските закони против геј „пропаганда“, Холандија го олесни процесот за барање азил со што ЛГБТ Русите ќе можат полесно да добијат азил во оваа земја.
Помладиот министер за правда на Холандија, Фред Теевен, изјави дека членовите на ЛГБТ заедницата повеќе нема да мора да „докажуваат“ дека бараат заштита од руската полиција.
Овој услов претходно спречуваше голем број на Руси да бараат азил во Холандија, поради опасноста од отворената изложеност на руските полициски сили.
Г-динот Теевен рече: „Помеѓу руската владина администрација, вклучувајќи ја и полицијата, како и помеѓу граѓаните на Руската Федерација постои високо ниво на нетолеранција и предрасуди кон хомосексуалноста и членовите на ЛГБТ заедницата. Минтата недела, руски креатори на игра со карти беа парично казнети за „промоција“ на хомосексуалност помеѓу малолетници.
На оранизаторите на Парадата на гордоста во Санкт Петерсбург, која се оддржа минатиот месец, им беше наложено да ја оддржат во депонија надвор од градот.
Во случајот кога се одбиваат барања за локации за одржување на настани, надлежните се обрзани со закон да предложат алтернативни локации. Овој прицип беше злоупотребен за да се предложи целсно несоодветна локација, односно далечното село Новосјоли и депонијата во Василевски Ислан.
Извор: Pink News