12 Aug Поголемиот број на млади Иранци се сексуално активни, а многумина од нив се геј
Според едно истражување на иранската влада, предбрачниот секс е широко распространет помеѓу младите Иранци и покрај строгиот пристап на оваа земја кон јавното искажување на љубов и пракикување на исламските закони,
Иранскиот парламент испита сто четириесет и две илјади младинци и откри дека осумдесет проценти од девојките имаат сексуални партнери. Тие исто така открија дека седумнаесет проценти од младите луѓе во оваа земја имале истополова сексуална врска и покрај тоа што во земјата хомосексуалните акти се казнуваат со смртна казна.
Во извештајот кој беше објавен на почетокот на овој месец се препорачува да им се дозволи на хетеросексуалните парови да регистираат привремени баркови – традиција која постои кај Шиитите, со што државата би се справила со хетеросексулната промискуитетност. Меѓутоа, истражувачите не дадоа никаков предлог-решение за истополовите сексуални врски помеѓу младите Иранци.
Кога бил запрашан за лошата ситуација во која се наоѓаат ЛГБТИ луѓето во неговата земја, поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, во 2007 неславно изјави дека не постоеле хомосексуалци во Иран.
Извор: Gay Star News