Обама ги извиси ЛГБТ правата на самитот на африканските лидери

Обама ги извиси ЛГБТ правата на самитот на африканските лидери

Претседателот на САД, Барак Обама, не зборуваше директно за ЛГБТ правата во неговото завршно обраќање на самитот на американските и африканските лидери кој се оддржа минатата среда во Вашингтон Д.Ц..

 

Во неговите забелешки претседателот рече: „Некои африкански нации направија импресивен напредок, но забележавме и загрижувачки рестрикции на универзалните права. Па, денешниот ден претставува можност да се потенцира значењето на владеењето на правото, на отворените и одговорните институции, силните граѓански општества и заштитата на човековите права на сите граѓани и заедници“.

 

Обама повторно многу генерално зборуваше за човековите права во одговорот на прашањето упатено од страна на кенијски весник за време на неговото обраќање на самитот.

 

Тој рече: „Сметаме дека во некои случаи со пристапувањето кон одредена земја која е добар партнер, но која не се однесува добро кога станува збора за сите различни форми на човековите права, можеме да бидеме ефикасни преку заедничка работа, а на одредени полиња да ги критикувме и да се обидеме да ги примораме да се подобрат на други полиња“. Дури во земјите кои имаат добра историја на полето на човековите права, има полиња каде постојат проблеми. Патем, ситуацијата е таква и во САД“.
За време на самитот, Обама ја спомна потребата од еднаков третман на луѓето од различните раси и луѓето со различни сексуални ориентации.
За време на вечерата, Обама ги спомена и „активистите кои се борат за правда“ и оние кои работат на полето на застапувањето и истражувањето на ХИВ-от и СИДА-та.
На самитот беа присутни педесет африкански лидери.

 

Хомосексуалноста е сè уште криминализирана во повеќе од триесет африкански земји. Во некои региони, истополовиоте сексуални односи се казнуваат со смртна казна.

 

Извор: Pink News