Уставниот суд во Уганда го укина законот со кој се забранува хомосексуалноста

Уставниот суд во Уганда го укина законот со кој се забранува хомосексуалноста

Уставнот суд на Уганда го укина строгиот анти-геј закон врз основа на фактот што тој не поминал низ неопходните правни процедури.

 

Група на граѓани кои се противеа на законот поднесоа уставна петиција во која се тврдеше дека законот ги прекршува основните права на граѓаните на Уганда. Уставниот судија изјавил дека законот го компромитира уставот на Уганда.

 

Анти-геј законот на кој се противеа голем број на меѓународни организации за човекови права, минатиот декември беше потпишан од страна на претседателот Јовери Мусевини.

 

„Потврдувам дека законот е укинат. Судијата изјави дека постојат нерегуларности во процесот и дека немало кворум во парламентот при неговото усвојување“ – рече Николас Опио, адвокатот на граѓаните кои ја поднесоа петицијата.

 

Но хомосексуалноста останува илегална и казнива со затвор според поранешниот закон кој ќе биде вратен во сила по одлуката на судот.

 

Државииот секретар на САД, Џон Кери, го спореди анти-геј законот со антисемитските закони во нацистичка Германија.

 

Критичарите велат дека Мусевини го потпишал законот за да добие политичка поддршка на претседателските избори во 2016 кога ќе се одбележи триесетгодишнината од неговото владеење.

 

Западните земји престанаа да испраќаат помош на владата на Уганда во знак на протест поради усвојувањето на законот.

 

Организации кои се борат за човековите права сметаат дека законот придонесе за зголемување на бројот на апсења и напади на членови на ЛГБТ заедницата во земјата.

 

Извршниот директор на Амнести Интернешнал за Ирска Колм О’Горман рече дека одлуката на уставиот суд претставува значајна победа за активистите во Уганда. Тој изјави:

 

„Се надеваме дека од овој чекор ќе произлезат вистински подобрувања во животите на ЛГБТИ луѓето во Уганда кои веќе долго време беа заробени во магичниот круг на дискриминација, закани, злоупотреба и неправда.

 

Извор: RTE