24 Jul Руска ЛГБТ организација обвинета дека ги „прекршува правата на хетеросексуалците“
Една руска ЛГБТ организација од Русија беше обвинета дека е странски агент и дека ги „прекршува правата на хетеросексуалците“ од страна на суд во Санкт Петерсбург.
Терминот „странски агент“ се однесува на групите за кои се смета дека работат за интересите на странски земји и со него се ограничува нивната работа и пораките кои ти смеат да ги испратат.
Оваа недела на организацијата „Каминг аут“, која претставува водечка ЛГБТ организација во Русија и беше наредено од страна на руски суд дека мора да се регистира како странски агент.
Во свое соопштение објавено по добивањето на одлуката на судот, „Каминг аут“ соопшти дека нивната одбрана не била земена предвид и дека скоро цела година се борела против таквата одлука.
Во текот на оваа недела четири други организации исто така беа прогласени за странски агенти.
Минатиот октомври, по долга судска битка филмскиот ЛГБТ фестивал „Бок о Бок“, ја доби жалбата против казните кои му беа изречени согласно неодамнешниот закон за странски агенти.
Извор: Pink News