23 Jul Орегон ќе гласа за легализација на марихуаната
Портланд, Орегон – Следниот ноември граѓаните на Орегон ќе имаат шанса да одлучат дали марихуатата во оваа сојузна држава на САД ќе биде легална и ќе се оданочува.
Кампањата Нов пристап собра доволно потписи за да оваа мерка, со која марихуаната ќе биде регулирана, оданочена и легална за полнолетните граѓани, биде ставена на референдум кој ќе се оддржи на 4 ноември, потврди државниот секретар на Орегон.
Со мерката, која официјално се нарекува Закон за контрола, регулација и оданочување на марихуаната и конопот, ќе се дозволи лиценцирано произвотство и продажба, како и безбедна дистрибуција на дрогата.
„Ова е нашиот момент да бидеме дел од историјата и да бидеме лидери во движењето. Третирањето на употребатата на марихуаната како криминал беше неуспешна политика, но заедно би можеле да се избориме за посензибилен пристап и да ги подобриме животите на граѓаните на Орегон“ – изјави Доменик Лопез, локалниот организатор на Нов пристап.
Сојузната држава Вашингтон, која на 8 јули официјално ги отвори вратите за лиценцирано одгледување, производство и дистрибуција на марихуана, досега забележала профит од близу 320 илјади долари.
Во моментот, употребата на марихуана во Орегон е дозволена, но, според статистиката на државната полиција во Орегон, секоја година повеќе од 10 илјади лица се апсат за кривични дела поврзани со марихуаната.
Организаторите на камапњата соопштија дека нивната цел е да помогнат да се регистирираат стотоци илјади гласачи.
Запарашан дали би можеле да стигнат до целта без успешна регистрација на гласачите, Лопез изјави: -„Ќе победиме доколку имаме успешна организација на гласачите“
Тие веруваат дека закнот ќе биде узвоени сметаат дека Орегон и повеќе подготвен за продажба на легална марихуана во споредба со Вашингтон.
Досега во Орегон, исто како и во Колорадо, постоеше систем за регулирана употреба на медицинска марихуана. Поддржувачите на кампањата велат дека оваа сојузина држава ќе направи полесна транзиција во споредба со Вашингтон, доколку гласачите одлучат законот да биде прифатен.
Извор: Koin