12 Jul Полицијата во Уганда со анални сонди измачувала „геј“ момчиња
Уганда – Пет лица, од кои едното било на возраст од само шестнаесет години, биле измачувани со анални сонди откако биле уапсени од полиција.
Адриан Јууко, извршниот директор на Форумот за подигнање на свеста и промоција на човековите права во Уганда рече:
„Позадината на случајот се состои во тоа што едно од уапсените лица, кое сега има наполнето осумаесет години, а било малолетник кога случајот бил пријавен, било уапсено на 10 октомври 2013 за обид за самоубиство. Кога бил запрашан за причините за обидот за самоубистовто, тој рекол дека неговиот работодавач со кого живеел во тој период станал насилен кон него. Веќе некој период тие живееле како „сопруг и сопруга“, но тој станал насилен откако тој го обвинил дека му украл пари. Затоа се обидел да си го одземе животот, прободувајќи се со нож“.
Полицијата првично не го уапсила работодавачот. На 25 јуни 2014, тој повторно се обидел да се прободе, но бил уапсен од страна на полицијата. Тој повторно ја кажал истата приказна, по што полицијата ги уапсила останатите четири лица.
Другите уапсени лица биле триесет и четири годишниот работодавач, шестнаесет годишен ученик кој престојувал кај него, и други два мажи на возраст од дваесет и една и триесет години.
Активистите велат дека на групата уапсени лица им биле направени анални тестови. Ваквиот начин за да се дознае дали некој е хомосексуалец не е оправдан од страна на научниците, се смета за измачување и е забрането според меѓународното право.
Резултатите од тестовите не можеле да покажат дали лицата биле хомосексуалци или не. Затоа против нив не било покренато обвинение, но полицијата сепак им земала изјави.
Јууко додаде: „Случајот бил препратен со државниот обвинител кој не покренал обвинение, туку го вратил случајот во полицијата, велејќи дека нема докази за каков било прекршок поврзан со хомосексуалност“.
Полицијата ги ослободила сите лица кои биле уапсени. Меѓутоа, случајот останува отворен и „истрагата“ продолжува.
Дејли Монитор, кој прв извести за оваа сторија, напиша дека мажите биле обвинети за „промоција“ на хомосексуалност и „геј регрутација“ во училишта.
Но, директорот на училиштето ги негираше овие шпекуалации, а и полцијата повеќе не го тврди тоа и нема покренато никакви обвиненија.
Извор: Gay Star News