СЗО повикана да ги отстрани „поретметувањата“ поврзани со сексуалната ориентација од класификацијата на болести

СЗО повикана да ги отстрани „поретметувањата“ поврзани со сексуалната ориентација од класификацијата на болести

Светската здравствена организација (СЗО) беше повикана да отстрани неколку класификации во водичот за Меѓународната класификација на болести (МКБ) во периодот во кој Обединетите нации припремаат нова едиција на водичот за 2017.

 

Препораката беше испратена од страна на работна група на здравствени експерти од целиот свет кои за СЗО работеа на преглед на секцијата Ф66 од водичот.

 

Меѓународната класификација на болести не ја вклучува хоосексуалноста како пореметување самата по себе уште од 1990. Меѓутоа, според постоечкиот прирачник доколку маж се ожени и потоа сфати дека е геј и сака да се разведе за да биде во можност да биде во врска со други мажи сè уште се смета за пореметување.

 

Случаите во кои луѓето кои ги привлекуваат лица од истиот пол, но посакуваат да ги привлекуваат лица од спротивниот пол, исто така се сметаат за пореметување, а истото важи и за лицата кои не се сигурни во својата сексуалност и доживуваат непријатности поради тоа.

 

Десеттата едиција на водичот ги класифицира горенаведеите примери како „психолошки и бихејвиорални пореметувања поврзани со сексуалниот развој и ориентација, а во исто време смета дека сексуалана ориентација не е пореметување.

 

Работната група бара да се отстранат „пореметувањата со сексуалното созревање“ кои се дефинираат како „несигурност за својот родов идентитет или сексуална ориентација и чувство на непријатност поради несигурноста“, „его-дистоична сексуалана ориентација“ според која личноста чувстува непријатност поради истополовата сексуална привлечност, „пореметување на сексуалните врски“ во кои абноралните сексуални преференци на индивидуата прават да и биде тешко да воспостави врска со други индивидуи и „други психосексуални развојни пореметувања“ кои претставуваат недефинирани генерални дијагнози за сексуални поремтаувња кои не спаѓаат во претходно споменатите категории.

 

Работната група предлага сите овие категории да бидат целосно избришани од еднинаестата едиција на прирачникот. Здравствените проблеми поврзани со сексуаланта ориентација можат да бидат адресирани преку употребата на други категории.

 

За промените во прирачникот ќе треба да гласаат министрите за здравство на сите земји членки на СЗО од кои околу осумдесетина сè уште ја криминализираат хомосексуалноста.

 

Извор: Gay Star News