Демонстрантите во Бразил ја одбележаa годишнината од Стоунвол протестите

Демонстрантите во Бразил ја одбележаa годишнината од Стоунвол протестите

Минатата сабота илјадници демонстранти маршираа низ улиците на Рио де Женеиро за да ја одбележат четириесет и пет годишнината од Стоунвол протестите.

 

Маршот помина покрај плажата Копакабана само еден час пред започнувањето на мечот на Бразил против Чиле.

 

Во изминатиов период, во Бразил често се случуваа протести против трошењето на огромна количина на пари за организација за Светското првенство во фудбал во време во кое голем број на Бразилци се сиромашни и без основни услови за живот како, на пример, вода.

 

Еден од демонстрантите изјави: „Меѓу нас не се само ЛГБТ луѓе. Ние сме исто така работници, црнци, жени и не можеме да се одделиме од другото социјално движење. Мораме да се обединиме и да ги здружиме силите. Не сакам парите од даноците кои ги плаќам да бидат инвестирани во ова првенство, туку повеќе би сакал тие пари да бидат потрошени за социјални сервиси како здравство, образование, јавен превоз и права за домување. Ние не сме против фудбалот, но Светското првенство е погодно за голем број на корпорации кои доаѓаат во Бразил и ја експлотираат неговата економија“.

 

За време на првенстовото навивачите на Бразил и Мексико извикуваа хомофобични навреди, а исто така беше забележана и продажба на мајци на кои имало испишано хомофобични содржини.

 

Минатиот мај преку милион луѓе маршираа низ низ улиците на Сао Паоло барајќи закон за заштита од дискриминација.

 

Извор: Pink News