Продожува Неделата на гордоста

Продожува Неделата на гордоста

Продолжува овогодишата Недела на Гродоста. Денеска во ЛГБТИ Центар за поддршка (ул. Наум Наумовски Борче 83) во 17 часот ќе се одржи Работилница на тема „Надминувањето на хомофобијата и хомофобичното малтретирање во рамките на сеопфатно сексуално образование“ во организација на Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА. На истата локација во 21 часот ќе се одржи настанот за ЛГБТИ заедницата Љубовен сервис: Speed dating во организација на ЛГБТИ Центарот за поддршка.

 

 

Распоредот на настаните за целата недела е следниот:

24.06 (вторник) 20:00 Дебата SexDrive: Секс со стимуланси – опасност или избор?

ЕГАЛ- Еднаквост за геј и лезбејки и ЛГБТИ Центар за поддршка

локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

25.06 (среда) 20:00 Проекција на документарниот филм “Што е парада?” во режија на Наташа

 

Гелева и дискусија за филмот со авторката

ЛГБТИ Центар за поддршка

локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

25.06 (среда) Едукативна работилница за млади „ЛГБТИ правата се човекови права“

Младински образовен форум и Студентска организација Излез

Локација: Двор на Младински образовен форум, ул. Дренак 34А

 

 

26.06 (четврток) 19:00 Форум: Хомофобијата е феминистичко прашање!

ЛезФем

Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

27.06 (петок) 19:00 Дискусија и видео „Заедница во заедница: двојна дискриминација и стигматизација на транс сексуалните работници“

СТАР- СТАР Асоцијација за застапување на правата на сексуалните работници, ХОПС- Опции за здрав живот Скопје

Локација: Автономен Културно Социјален Центар, ул. Борка Талески 26

 

 

28.06 (сабота) 19:00 ХИВ и мојата заедница: проекција на филмот “We were here“ и дискусија

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ

Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

 

29.06 (недела) 19:00 Затворање на неделата на гордоста (забава, архива 10 години ЛГБТИ активизам, храна…)

Субверзивен фронт и Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата

Локација: Парк на франкофонијата

 

 

 

За повеќе информации:

 

Драгана Дрндаревска
Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
бул. Климент Охридски 66-1/3, 1000 Скопје
+389 23 214 269
+389 78 200 675

 

http://www.lgbtimreza.org/

 

info@lgbtimreza.org