Белата куќа планира проширување на федералните бенефиции за венчаните геј парови

Белата куќа планира проширување на федералните бенефиции за венчаните геј парови

Во согласност на одлуката на Врховниот суд на САД да го повлече Актот за одбрана на бракот, Белата куќа најави дека бенефициите за венчаните истополови парови ќе бидат проширени на целата територија на САД.

 

Во 2013 судиите на Врховниот суд на САД ја разгледуваа можноста дали федералната влада би можела да одбие даночни, здравствени и пензиски на истополовите парови во сојузните држави во кои им е правно дозволено да се венчаат. Судот донесе одлука дека владата не може да го направи тоа.

 

Една од планираните бенефиции се состои во можноста да се земе отсуство без ризик да се биде отпуштен од работа во случај на едниот од партнерите да му биде потребна нега.

 

Одделот на труд започнува процес на проширување на бенефициите според Законот за семејно и медициско отсуство за сите истополови парови во САД, дури и во државите во кои истополовите бракови не се признаваат, изјави претставник на Белата куќа.

 

Претставникот рече дека по разгледувањето на бенифициите, Оддлот за труд заклучи дека „скоро во сите случаи, за истополвите парови ќе бидат овозможени федерални бенефиции и обврски без разлика од местото во кое живеат.

 

Тој изјави дека постојат членови кои ја стопираат федералната влада да прошири одредени бенефиции во државите кои не го признаваат истополовиот брак. Демократите поднесоа закон со кој ова ќе биде надоместено во кои се вклучени бенефиции за социлјална сигурност и ветерани.

 

Минатата недела Барак Обама ги потврди плановите да ја потише извршната наредба со која се забранува хомофобичната дискриминација на работното место помеѓу федерални изведувачи.

 

Вчера САД најави санкции против Уганда поради имплементацијата на законот со кој уште повеќе се криминализира хомосексуалноста.

 

Извор: Pink News