Недела на гордоста: Скопје, 20-29 јуни 2014

Недела на гордоста: Скопје, 20-29 јуни 2014

Од 20 до 29 јуни по втор пат во Скопје ќе се оддржи Неделата на Гордоста (Skopje Pride Week). Истата вклучува серија на настани како изложби, проекции на филмови, дебати, работилници, забави и дискусии.Настаните на Неделата на гордоста покриваат теми поврзани со правата на ЛГБТИ заедницата, родот и сексуалноста, феминизмот, сексуалното образование, правата на сексуалните работници и лицата кои живеат со ХИВ. Во рамките на неделата на гордоста ќе се проектираат и филмовите „Врела крв“, “We were here” и документарецот на Наташа Гелева „Што е парада?“. Централни настани на Неделата на гордоста се отварањето на изложбата „Јазик, идеаологија и насилство“, јавната дебата „Pride: провокација или потреба“ и завршниот настан во Паркот на Франкофонијата кој ќе вклучува архива на ЛГБТИ активизмот во Македонија. Целта на Неделата на Гордоста е да ја зголеми видливоста на ЛГБТИ заедницата, да посочи на насилството и дискриминацијата и да алармира кон институциите на системот да превземат мерки кон нивно надминување.

 

 

Поинаков свет е возможен!

 

Програма:

 

20.06 (петок) 20:00 Отворање на изложба „Јазик, идеологија и насилство“

Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и Субверзивен Фронт

Локација: Монтажна Галерија, Парк на франкофонија

 

 

 

21.06 (сабота) 19:00 Проекција на филм „Врела крв“ , дебата, коктел

Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Акција Здруженска, ФРИК

Локација: Монтажна Галерија, Парк на франкофонија

 

 

22.06 (недела) 19:00 Јавна дебата „Pride: провокација или потреба“ и коктел

Национална Мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата и Младински образовен форум

Локација: Монтажна Галерија, Парк на франкофонија

 

 

23.06 (понеделник) 17:00 Работилница „Надминувањето на хомофобијата и хомофобичното малтретирање во рамките на сеопфатно сексуално образование“

Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА

Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

23.06 (понеделник) 21:00 Настан за ЛГБТИ заедницата Љубовен сервис: Speed dating

ЛГБТИ Центар за поддршка

Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

24.06 (вторник) 20:00 Дебата SexDrive: Секс со стимуланси – опасност или избор?

ЕГАЛ- Еднаквост за геј и лезбејки и ЛГБТИ Центар за поддршка

локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

25.06 (среда) 20:00 Проекција на документарниот филм “Што е парада?” во режија на Наташа

 

Гелева и дискусија за филмот со авторката

ЛГБТИ Центар за поддршка

локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

25.06 (среда) Едукативна работилница за млади „ЛГБТИ правата се човекови права“

Младински образовен форум и Студентска организација Излез

Локација: Двор на Младински образовен форум, ул. Дренак 34А

 

 

26.06 (четврток) 19:00 Форум: Хомофобијата е феминистичко прашање!

ЛезФем

Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

27.06 (петок) 19:00 Дискусија и видео „Заедница во заедница: двојна дискриминација и стигматизација на транс сексуалните работници“

СТАР- СТАР Асоцијација за застапување на правата на сексуалните работници, ХОПС- Опции за здрав живот Скопје

Локација: Автономен Културно Социјален Центар, ул. Борка Талески 26

 

 

28.06 (сабота) 19:00 ХИВ и мојата заедница: проекција на филмот “We were here“ и дискусија

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ

Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83

 

 

 

29.06 (недела) 19:00 Затворање на неделата на гордоста (забава, архива 10 години ЛГБТИ активизам, храна…)

Субверзивен фронт и Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата

Локација: Парк на франкофонијата

 

 

 

За повеќе информации:

 

Драгана Дрндаревска
Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
бул. Климент Охридски 66-1/3, 1000 Скопје
+389 23 214 269
+389 78 200 675

 

http://www.lgbtimreza.org/

 

info@lgbtimreza.org