15 Jun Јамајка е спремна да ја декриминализира марихуаната
Минатиот петок јамајканскиот министер за правда Марк Голдинг објави соопштение во кое се најавува поддршката на владата за предлогот да се декриминализира поседувањето на најмногу две унци марихуана и нејзината употреба за религиозни, научни и медицински потреби.
„Целта е да се овозможи попросветлен пристап кон справувањето со поседувањето на помали количини и употребата на марихуана, а во исто време да се постигнат целите на правдата. Предложените промени претставуваат пристап кој ќе осигура благосостојбата на засегнатите лица и општеството во целост, и ќе го намали теретот врз правниот систем“ – рече министерот Голдинг.
На втори јуни јамајканскиот кабинет усвои три амандмана. Од парламентот се очекува да го одобри предлогот до следниот септември. Мерката која беше одобрена од кабинетот ги вклучува следните предлози: поседувувањето на најмногу две унци марихуана да стане дело за кое граѓаните нема да бидат апсени и нема да биде запишано во нивните криминални досијеа; малолетницие кои поседуваат марихуана и оние кои покажуваат знаци на зависност да бидат испратени на програми за третман; пушењето марихуана да биде дозволено само во приватни места, а за Растафаријанците да постојат посебни места за религиозни обреди; и декриминализација на поседувањето марихуана за верски, терапевтски и научно истражувачки цели. Министерот Голдинг исто така најави посебен закон кој ќе биде презентиран во парламентот со кој ќе бидат избришани постоечките криминални досијеа за пушење или поседување на марихуана.
Реформите на законите за марихуана од неодамна постигнаа глобален моментум. Канада, Уругвај, Израел и Холандија, како и дваесет и две сојузни држави во САД ја легализираа марихуаната за медициннска употреба. Минатата година, Ургувај го направи истиот чекор како и Колорадо и Вашингтон и стана првата земја која правно ја регулира марихуаната за рекреациони цели. Минатиот четврток, Западно Африканската Комисија за дроги иницирана од поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан, побараа декриминализација на дрогите и третирање на употребата на дроги како здравствен проблем. На Карибите, лидерите на Карибската Заедници побараа да биде формирана регионална комисија за прашањата поврзани со употребата на марихуана и да ги евалуира постоечките политики поврзани со марихуаната.
Source: Drug Policy