Покана за јавна експертска дебата

Покана за јавна експертска дебата

На 11 јуни во 14:00 часот во ГЕМ клуб (над Менада, Стара Чаршија) ќе одржиме експертска јавна дебата по повод предлог промените во Законот за спречување и заштита од дискриминација и внесување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи во членот 3. Темата на дебатата е Потребите од промени на Законот за спречување и заштита од дискриминација со цел ефикасна заштита од дискриминација на ЛГБТИ лицата.

 

Говорнички на дебатата ќе бидат:

 

– Билјана Котевска, авторка на публикацијата „Водич за основи за дискриминација“

 

-Проф. д-р Мирјана Најчевска

 

– Наташа Бошкова, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

 

Дебатата ќе ја модерира Ирена Цветковиќ, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

 

Дебатата е дел од проектот Член 3: Иницијатива за поддршка и солидарност со ЛГБТИ заедницата на Коалиција „Сексуални и здтравствени права на маргинализираноте заедници“ во партнерство со Акција Здруженска и Ф.Р.И.К. Зад иницијативата Член 3 застанаа триесет и шест граѓански организации, две мрежи на организации (Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство) и петстотини поединци кои потпишаа картички до пратениците во Собранието на Република Македонија.