10 Jun Покана за јавна експертска дебата
На 11 јуни во 14:00 часот во ГЕМ клуб (над Менада, Стара Чаршија) ќе одржиме експертска јавна дебата по повод предлог промените во Законот за спречување и заштита од дискриминација и внесување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи во членот 3. Темата на дебатата е Потребите од промени на Законот за спречување и заштита од дискриминација со цел ефикасна заштита од дискриминација на ЛГБТИ лицата.
Говорнички на дебатата ќе бидат:
– Билјана Котевска, авторка на публикацијата „Водич за основи за дискриминација“
-Проф. д-р Мирјана Најчевска
– Наташа Бошкова, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Дебатата ќе ја модерира Ирена Цветковиќ, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Дебатата е дел од проектот Член 3: Иницијатива за поддршка и солидарност со ЛГБТИ заедницата на Коалиција „Сексуални и здтравствени права на маргинализираноте заедници“ во партнерство со Акција Здруженска и Ф.Р.И.К. Зад иницијативата Член 3 застанаа триесет и шест граѓански организации, две мрежи на организации (Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство) и петстотини поединци кои потпишаа картички до пратениците во Собранието на Република Македонија.