Киргистан повикан да не усвојува анти-геј закон

Киргистан повикан да не усвојува анти-геј закон

Парламентот на Киргистан беше повикан да не го усвои законот со кој ќе се забранат „странските агенти“ и „хомосексуалната пропаганда“.

 

Хјуман Рајст Воч соопшти дека законот е наменет за криминализација на „хомосексуалната пропаганда“ и рестрикција на помали добротворни организации со што уште повеќе ќе се маргинализираат малциствата во земјата.

 

Законот кој беше предложен минатиот месец би требало да биде ставен на гласање при крајот на јуни.

 

„Овој предлог закон оди наспроти обрзаноста на Киргистан кон почитување на човековите права, со нив ќе се прекршуваат основните права на слободен говор и собир“ – рече Мира Ритман, истражувач на Хјуман Рајст Воч за Централна Азија, и додаде:„Увојувањето на овој штетен закон ќе значи уназадување на Киргистан на полето на човековите права и поткопување на напорите на владата да го побри својот статус“.

 

Сличен закон беше усвоен лани во Русија и набрзо беше искористен за да се казни филмскиот ЛГБТ фестивал „Бок о Бок“. Фестивалот ја доби жалбата против казната. Лани Русија исто така воведе забрана за „промоција на нетрадиционални сексуални врски“.

 

Со законот во Киргистан ќе се казнуваат било која личност или организација која „креира позитивни ставои за нетрадиционалините сексуални врски употребувајќи ги медиуми или телекомуникациски мрежи“.

 

Како и во случајот на рускиот закон, јазикот со кој е напишан е нејасен и не се знае точно каков вид на информирање ќе се казнува.

 

Меѓународните групи за човекови права се веќе загрижени за ситуацијата во Киргистан.

 

Извор: Pink News