МОЕ ТЕЛО – МОЈ ИЗБОР!

МОЕ ТЕЛО – МОЈ ИЗБОР!

МАТКА Ве кани на целодневниот настан посветен на правото на жената слободно да донесува одлуки поврзани со нејзиното здравје и живот

 

31.05. сабота. Жена парк – Скопје

12.00 Изложба на фотографии

12.00 Маратон на документарни филмови

13.00 Кондом рели и друштвени игри

15.00 Форум театар

17.00 Свечено поставување на склуптура на жена во Жена парк

18.00 Концерт: G-Rough, Sleet, Да Џака Накот

+ DJ сет на Фреш и Ангелина
… зашто

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКИН НА БРЕМЕНОСТА…

 

ја оневозможува жената слободно да одлучи за своето тело и живот;

 

го нарушува правото на приватност на жената и доверливоста на личните и медицински податоци;

 

не придонесува за осовременување на здравстветниот систем и актуелните методи и принципи на лекување;

 

не соодветствува на определбата на државата своето право да го гради врз основа на концептот за човекови права.

 

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКИН НА БРЕМЕНОСТА НЕМА ДА ПРИДОНЕСЕ ЗА ПОРАСТ НА НАТАЛИТЕТОТ ВО ДРЖАВАТА. ТОЈ НЕМА ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА АБОРТУСИ, САМО ЌЕ ГИ НАПРАВИ НЕЛЕГАЛНИ И ФАТАЛНИ ЗА ЖЕНИТЕ.