Се гордееме со нашиот геј татко, велат синовите на првиот аутиран конгресмен во Перу

Се гордееме со нашиот геј татко, велат синовите на првиот аутиран конгресмен во Перу

На перуанскиот политичар Карлос Брус му беше честитано од страна на неговите синови кои велат дека неговата сексуална ориентација не им претставува никаков проблем.

 

Минатата недела Брус, когресмен во главниот град Лима, стана првиот аутиран геј конгресмен во историјата на Перу.

 

Откако неговото аутирање беше објавено во весникот Ел Комерциа, неговите два сина Алекс и Пол изјавија дека не им е гајле за неговата сексуалност и дека не го осудуваат.

 

„Јас не сум многу по политиката, но се изненадив што некои луѓе сакаат да наметнат свои правила“ – рече еден од неговите синови.

 

Тие велат дека во нивниот круг на пријатели му се восихитуваат на нивниот татко.

 

„Во мојот круг на пријатели, воопшто не постои проблем. Напротив, тие му честитаат“ – велат тие.

 

Тие исто така изјавија дека го поддржуваат истополовиот брак во оваа латиноамериканска земја и дека веруваат дека аргументот дека геј браковите ќе го уништат традиционалниот имиџ на семејството нема смисла.

 

„Постојат лоши семејства со хетеросексуални родители“ – изјави Алекс.

 

На 18 мај Брус, кој учествуваше во кампањата за легализирање на истополвите партнерства во Перу, ја соопшти својата сексуалност во мнозински католичката земја на насловната страна на весникот Ел Комерцио во вест со наслов: „Јас сум геј и сум горд на тоа“.

 

Организацијата која се бори ЛГБТИ права „Хомосексуалното движење на Лима“ му честита за историската одлука.

 

„Со овој храбар акт, Брус стана првиот аутиран политичар на функција во историјата на Перу“ – соопштија од организацијата.

 

Меѓутоа, соопштувањето на неговата сексуална ориентација на Брус му донесе јавно осудување и смртни закани на социјалните медиуми.

 

Фејсбук корисникот Абел Манесес Кастро напиша: „Тоа е одвратно! Убијте го!“

 

„Треба да му дадат смртна казна како што прават Русите“ – напиша Артега Кампос Хуан Хесус.

 

Минатот април Брус ја поддржа кампањата за брачна еднаквост за која беше спроведена петиција на која беа собрани над десет илјади потписи.

 

Извор: Gay Star News