Претседателот на Костарика го развеја знамето со боите на виножитото

Претседателот на Костарика го развеја знамето со боите на виножитото

Сан Хозе, Костарика – Со цел да го одбележи Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата, новиот претседател на Костарика постави знаме со боите на виножитото веднаш до државнато знаме.

 

Минатиот петок претседателот Луис Гилермо Солис на церемнонијата на поставувањето на знамето рече дека човековите права ќе бидат приоритет за време на неговиот мандат.

 

„Ова е дом на сите граѓани на Костарика. Кога ќе кажеме сите – мислиме буквално на сите, без исклучоци, без насилство, без малтретирање и со апсолутна почит за правата на секој“ – изјави Солис пред лидерите на ЛГБТ организациите во земјата во неговото обраќање пред тревникот на претседателска резиденција, пренесе Тико Тајмс.

 

Знамето беше поставено во чест на Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата (IDAHOT), настан на кој се слави сексуалната и родовата разноличност и кој се оддржува секоја година на 17 мај уште од 2004.

 

Марко Кастилио, претседателот на Diversity Movement, организација од Костарика која се залага за правата на ЛГБТ луѓето, изјави дека гестот претставува знак на надеж во приод во кок законот за цивилни парнерства веќе се наоѓа во собранието на Костарика, а во системот за социјално осигурување веќе се дебатира за проширување на социјалните бенефити и на истополовите парови.

 

Група од дваесет луѓе протестираше пред претседателската резиденција сметајќи дека Солис исто така требал да ги одбележи и Светскиот ден на земјоделието и Денот на семејството, празници кои веќе се случија откако тој ја презема претседателската функција.

 

 

Извор: LGBTQ nation