13 May Покана за прес конференција
Прес конференција за промоција на Резимето на предлог промените за внесување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација во Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе се оддржи на 15ти мај во 11:00 часот, во ГЕМ Клубот (над Менада во Старата Чаршија).
Иницијативата за предлог измените е активност во рамките на проектот Член 3 “Солидарност и поддршка за подобрување на заштитата од дискриминација на ЛГБТИ заедницата” чија цел е подобрување на заштитата од дискриминација на ЛГБТИ заедницата преку промени во Законот за спречување и заштита од дискриминација.
На прес конференцијата ќе зборуваат:
Драгана Дрндаревска- Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Уранија Пировска- Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
Сузана Гроздановска- Акција Здруженска
Модератор: Велимир Жерновски, Формација за развој на иницијативи во културата Ф.Р.И.К. – Скопје