Декриминализацијата на сексуалната работа ќе придонесе за безбедноста на жените

Декриминализацијата на сексуалната работа ќе придонесе за безбедноста на жените

Ванкувер- Распитот на Роберт Пинктон покажа дека сексуалните работници се изложени на зголемена опасност поради канадските закони за проституција и злоупотребата од страна на полицијата.

Кејт Шенон, од центарот за ХИВ/ СИДА на Британска Колумбија вели дека законите и политиките резултираат со поголеми ризици за сексуалните работници, вклучувајќи и селење во поизолирани локации и спроведувањерто на сексуална работа на отворено.

Малтретирањето од страна на полицијата го зголемува стравот од насилство и апсење, што придонесува до неколку нешта какви што се избрзувањето во правењето на трансакцијата, брзо влегување во колата на клиентот или пак одењето во потемни или поизолирани делови за да се избегне полицијата – вели Шенон.

Таа вели дека направила интервју со повеќе од 200 сексуални работници помеѓу 2006-та и 2008-та и заклучила дека половина од нив пријавиле дека биле жртви на насилство.

Шенон е вториот сведок кој ги осуди канадските закони за сексуална работа, и изјави дека декриминализацијата на сексуалната работа, вклучувајќи ја и можноста сексуалните работници да работат во затворен простор, ќе ги направи работниците побезбедни.