За време на парадата во Сао Паоло, бразилските ЛГБТ активисти побараа усвојување на закон за антидискриминација

За време на парадата во Сао Паоло, бразилските ЛГБТ активисти побараа усвојување на закон за антидискриминација

Сао Паоло – Активистите за ЛГБТ права побараа усвојување на закон против дискриминација во Бразил за време на една од најголемите геј паради во светот која минатата недела се одржа во Сао Паоло и на која се собраа стотици илјади луѓе.

 

Централната авенија во градот беше блокирана за да се направи простор за колоритната толпа составена од луѓе облечени во драгови, масикирани во статуата на слободата или како фламеко и кабаре танчери.

 

„Се додека постојат предрасуди, ние ќе бидеме на улиците“ – рече актерот Валдер Бастос, кој е познат како дрег кралицата Чака. „Ние се бориме против различни видови на предрасуди како расизмот и хомофобијата. Овде сме заедно за да покажеме дека нè има многу“

 

Гувернерот на Сао Паоло, Жералдо Алкмин, најави дека ќе реставрира една стара куќа која се наоѓа на Авенида Паулиста каде што всушност поминува парадата и ќе ја направи геј музеј.

 

Активистите и организаторите на парадата соопштија дека е потребен закон со кој ќе се забрани дискриминацијата на лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансродoвте луѓе во Бразил. Со криминализацијата на дискриминацијата ќе се намали и насилството врз членовите на ЛГБТ заедницата, сметаат тие.

 

Минатата година, претседателката Дилма Русеф покрена инцијатива за создавање на центри кои ќе ги промовират и бранат ЛГБТ правата. Минатата недела во порака објавена на нејзиниот Твитер профил, таа ги потсети граѓаните дека постои телефонска линија на која можат да ги пријавувааат злосторствата мотивирани од омраза.

 

За време на парадата активистите соопштија дека исто така би сакале да се усвои закон за родов идентитет каков што постои во соседната Аргентина, каде што луѓето можат правно да го променат својот род без да направат операција или да чекаат дозвола од судија.

 

Извор: LGBTQ Nation