Програмите за намалување на штети ја оптимизираат превенцијата на ХИВ/СИДА

Програмите за намалување на штети ја оптимизираат превенцијата на ХИВ/СИДА

Во новото истражување, спроведено од страна на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско и АИДС фондацијата од истиот американски град, покажа дека клинетите кои учествувале во програмата за намалување на штети од употреба на дроги, кој го носи името Стоунвол проект, ја намалиле својата употреба на стимуланси, како метамфетаминот, и го намалиле ризичното сексуално однесување.

 

„Откривме дека дури и учесниците кои сè уште користеле метамфетамин откако се пријавиле во Стоунвол програмата изјавиле дека употребувале стратегии за намалување на ризикот, како на пример, намалувањето на бројот на партнери со кои имаат анален секс“ – изјави главниот истражувач професорот Адам В. Карико од Универзитот на Калифорнија во Сан Франциско.

 

Резултатите од истражувањето беа објавени во Журналот за урбано здравје. Стоунвол проектот е посветен на нудење сервиси на геј мажи и бисексуалци кои употребуваат дрога, но и на останатите мажи кои имаат секс со мажи. Стоунвол имплементира когнитивно-бихејвиорален третман кој се основа на докази низ перспектива на намалувањето на штети. Во програмата, клиетите имаат опции да апстинираат, но тие исто така можат да употребуваат и други стратегии за намалување на штетите, како на пример, преминување на помалку потентни начини на земање дрога (шмркање наместо инјектирање) и намалување на сексуалниот ризик кога се под влијание на дрога.

 

Некои од стратегиите за намалување на сексуалниот ризик кои се спроведуваат при Стоунвол проектот се промоцијата на употребата на кондоми за време на сексуален однос, сероадаптиво однесување (сексуален однос на начин на кој се намалуваат ризиците за инфицирање со ХИВ) и намалување на бројот на сексуални партнери.

 

„Покажавме дека Стоунвол може да се справи со употребата на стимуланси, клучната бариера во превенцијата и третманот на ХИВ, со тоа што инсистираме на апстинеција. Нашата програма, која се основа на волјата да се работи со клиентите без разлика на нивната способност и волја да престанат да употребуваат стимуланси и да ги учиме на подобри начини за водење грижа за себе си и за подобрување на своите животи, беше потврдено со резулататите од ова истражување“ – изјави еден од истражувачите, професорот Мајкл Д. Сивер, основачот на Соунвол проектот.

 

Две третини од двеста дваесет и едниот корисник на метамфетамин кои имале секс со мажи и кои биле дел од студијата веќе биле инфицирани со ХИВ, и постојат докази кои сугерираат дека советите за намалување на шетите на Стоунвол можат да им помогнат при ефикасното примање на нивната анти-ХИВ терапија доволно за да се постигне недетектирачко ниво на ХИВ во нивната крв.

 

Преку помагањето на ХИВ позитивните клиенти да успејат во третманот на ХИВ-от, ние не само што го подобруваме нивното здравје, туку и го намалуваме ризикот за трансмисија на вирусот“ – изјави Мајлк В. Дисцепола, директорот на Стоунвол проектот.

 

По објавувањето на резлутатите, следниот чекор ќе биде спроведувањето на поголемо истражување во кое ќе се споредат пристапите кои се основаат на апстинеција и на намалувањето на штети, додаде Кароко.

 

Извор: ucsf.edu