Врховниот суд во Индија ги призна трансродовите лица како трет род

Врховниот суд во Индија ги призна трансродовите лица како трет род

Њу Делхи – Минатиот вторник највисокиот суд во Индија донесе историска одлука да ги признае правата на трансродовите лица како човекови права, Отсега овие лица ќе можат да се индетификуваат себе си како трет род во официјалните индиски документи.

 

Врховниот суд им наложи на федералната и на сојузните влади да ги вклучат трансродовите луѓе да ги вклучат трансродовите луѓе во социјалните програми наменети за сиромашната популација, вклучувајчи го образованието, здравствената заштита и вработувањето, со цел да ги надминат своите социјални и економски потешкотии. Претходно трансродовите Индијци во официјалните документи можеа себе си да се индетификуваат само како мажи или жени.

 

Одлуката беше пофалена поради тоа што со неа ќе и се помогне на три милиони трансродови Индијци.

 

Судот соошпти дека е секое човечко суштество има право да го избере својот род и дека треба да им се озвоможат правата на оние кое не се индетификуваат ниту како машко ниту како женско.

 

„Отсега сите документи ќе содржат трета категорија „трансродово лице“. Оваа одлука ќе ни биде од голема помош. Денеска сум горд што сум Индиец“ – изјави Лаксми Нарајан Трипати, трансродов активист кој го водеше процесот на потпишување на петицијата за усвојување на оваа одлука.

 

Одлуката на судот ќе се однесува на индивидуи кои имаат физички каркатеристики на спортивниот пол и себе си се презентираат на начин кој не кореспондира со нивиот вроден пол.

 

„Духот на индискиот устав е да овозможува еднакви можности на секој граѓанин да може да расте и да го развива својот потенцијал, без разлика на кастата, религијата или родот“ – се вели во одлуката на судот.

 

Врховниот суд потецираше дека одлуката се однесува на трансродовите лица, но не и на гејовите, лезбејките и бисексуалците. Индиските ЛГБТ заедници протестираа против неодамнешната одлука на судот повторно да воведе закон од колонијалната ера со кој се забранува геј сексот, за кој тие тврдат дека ќе ги направи раниливи кон полциско малтретирање.

 

Извор: LGBTQ nation