Канцеларијата на Обединетите Нации за дроги и криминал смета дека криминализирањето на употребата на дрогите е штетно

Канцеларијата на Обединетите Нации за дроги и криминал смета дека криминализирањето на употребата на дрогите е штетно

Глобалната анти-дрога бирократија смета дека е криминализирањето на употребата на дрогата е лоша идеја.

 

Како што пренесе Алијансата за политики на дрога:

 

Клучна работна група на Канцеларијата на Обединетите Нации за дроги и криминал (UNODC) најави дека ќе објави препораки со кои се обесхрабрува криминалнато санционирање на употребата на дрогите. Работната група за научни консултации во врска со полтики на дрога, здравство и човекови права при UNODC, во која учествува и раководителката на Националниот институт за злоупотреба на дрога на САД Нора Волков, ќе ги објават препораките за време на педесет и седмата седница на Комисијата за наротични дроги при ОН. Работната група препорачува дека „криминалото сакционирање е штетно“ во областа на употребата и злоупотребата на дроги.

 

Алиjaнсата за политики на дроги соопшти дека го поздравува овој потег.

 

„Едноставно не постои добра научна, здравствена и етичка основа за кривичен прогон на лицата кои поседувале дрога“ – изјави Итан Нејделман, извршниот директор на Алијансата.

 

„Се надеваме дека препораките на ОН ќе помогнат во забрзувањето на глобалниот тренд на ставање крај на криминализацијата на употребата и поседувањето дрога. Тие сигурно ќе направат огромна разлика во САД“- додаде тој.

 

Иако декриминализирањето на употребата на дрога не ги искоренува сите зла поврзани со прохибицијата на дрога (затоа што големиот црн пазар за произвотство и продажба на дрога сè уште ќе постои), тоа ќе претставува огромен чекор кон признавањето на човечноста на корисниците на дрога. Само во САД, на годишно ниво ќе се спасат околу милион и пол луѓе кои се гонети за поседување дрога.

 

Извор: Stop the Drug War