Како да се промовираат геј правата надвор од Западот?

Како да се промовираат геј правата надвор од Западот?

Додека на Запад продолжува маршот за геј правата, во одредени делови на светот тие се уназадуваат со тоа што државните апарати ја засилуваат репресијата врз луѓето врз основа на нивната сексуалност, пишува Денис Алтман.

 

Во моментот Етиопија ги затегнува законите против хомосексуалното однесување кое досега се казнуваше со петнаесет годишна затворска казна. Изгледа како етиописката влада да го следи чекорот на Уганда и Нигерија кои неодамна усвоија закони со кои се зголемуваат казните и за хомосексуално однесување и за поддршката на какво и да било застапување на признавањето на истополовите идентитети или однесување.

 

Слично зголемување на репресијата со хомосексулани и трансродови идентитети се случува во други делови на Африка. Неодамна објавениот документарец за Камерун, насловен Born this Way, го прикажува насилството и прогонот на секој кој не се конформира на сексуалните и родовите норми. Репресијата не се спроведува само кон мажи. Докуметарецоот воочува дека и жените за кои се претпоставува дека се лезбејки се соочуваат со стравот од затвор и „поправно силување“ .

 

Неодамна усвоените закони во Русија, кои беа поддржани од страна на Владимир Путин, со кои се казнува хомосексуалната „пропаганда“ со намерата да се заштитат малолетници, беа искористени како изговор за да десничарските насилници се впуштат во одмазнички напади врз хомосексуалците.

 

Овие закони беа во фокус на меѓународното внимание поради Зимските Олимписки Игри во Сочи и руските напади врз „западните вредности“ на кои им се спротиставија со јазикот на „традиционалните вредности“ и „традиционалното семејство“ со цел да изнудат меѓународна поддршка.

 

Слични аргументи заземаат централно место и во реториката на владите во Исламскиот свет. Пакситан и Малезија се помеѓу најжолчните противници на какво било признавање на „сексуални права“, а процесот против Анвар Ибрахим, во кој тој беше обвиет за содомија, е потсетник дека таквите напади се често политички мотивирани.

 

Да бидеме јасни: ова не се аргументи за тоа дали на хомосексуалците треба да им биде дозволено да посвојуваат деца или да имаат право да стапат во брак.

 

Во Нигерија неколку луѓе беа јавно камшикувани пред толпа која бараше тие да бидат егзекутирани. Во Иран пак е познато дека хомосексуалците се егзекутираат, иако иронично во исто време промената на полот е легална. Насилството врз трансродовите луѓе е проширено низ целиот свет.

 

Во исто време се случи невидена промена на ставовите во поголемиот дел од западниот свет симболизирано преку зголемениот број на закони со кој се признава истополовиот брак (вклучувајќи ги оние во неколку американски држави) и јасни изјави против хомофобијата во неколку латиноамерикански држави.

 

И Советот за човекови права при Обединетите Нации и генералниот секретар Бан Ки Мун сметаат дека човековите права треба да се почитиваат без оглед на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Она што е централно во реториката на различни земји како Русија, Зимбабве и Пакистан е тврдењето дека хомосексуалноста е увезена од западот и е дизјнирана да ги ослаби традиционалните вредности и религии. Оттаму призлегува и ироничната ситуација во поранешните колонии на Британија кои ги имаат задржано законите против содомија во името на кулурното наследство, игнорирајќи го фактот што овие закони се наследство од колонијалната ера.

 

Порастот на хомофобијата промовирана од државата е поврзана и со религиозниот фундаментализам и национализмот. Кога индискиот врховен суд неодамна врати на сила закон против содомијата од колонијалната ера, ова беше единственето прашање по кое лидерите на сите религии се согласуваа.

 

Поддршката на геј правата од страна на лидерите како американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон иронично ги засили позициите на политичките лидери кои го користат ова прашање за да мобилизираат националистички гнев преку жигосување на луѓе кои би можело да бидат поврзани со странски влијанија.

 

И поранешната и сегашната австралиска влада тивко работеа за да направат јасно нивното неодобрување на прогонот врз основа на сексуалната ориентација. Во оваа цел тие се понапред од повеќето австралиски невладини организации кои не покажаа интерес за ова прашање.

 

Освен одредени организации на геј заедицата, само Амнести му даде значајност на ова прашање. Сепак сексуалните права и дебатата за заштитата на раниливите групи поради нивната сексуалност или родов идентитет, се почитуваат во неколку земји во нашиот регион, вклучувајќи ја и Папуа Нова Гвинеја.

 

Примамливо е да се изрази гнев за злоупоребите во име на заштатита на моралот, но индигнацијата не е основа за добрите политики. Неодамнешната одлука на аднинистрацијата на САД да ја прекине помошта наменета за здравствениот сектор на Уганда значи само дека луѓето ќе го изгубат пристапот до неопходните терапии. Тоа нема да има влијание врз ослабување на владата на Јовери Мусевини. Некои европски влади делуваа постратешки со тоа што ги преусмерија фондовие кон невладиниот сектор кој функционира во земјата.

 

Сексуалноста е поларизирачко прашање во меѓународната арена, и двете страни се примамени да играат со домашната публика наместо да ги пресметаат човечките загуби.

 

Потребна ни е стратешка рефлексија за најдобриот начин на промовирање на прифаќањето на сексуалната разноличност во свет во кој сексуалноста стана мерило за страв, предрасуди и омраза.

 

Денис Алтман, соработник на Инситутот за човечка безбедност на Ла Тробе Универзитотот.

 

Извор: abc.net.au