Објавен деветнаесетиот број на магазинот S-Work

Објавен деветнаесетиот број на магазинот S-Work

СТАР-СТАР го објави деветнаесетиот број на магазинот S-Work кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Магазинот во електронска форма можете да го преземете овде или кликнувајќи на сликата погоре.

 

Во новиот број можете да прочитате за:

 

СЛОБОДА НА ЖЕНСКОТО ТЕЛО!

20 годишната Петра Колинс е родена во Торонто. Колинс преку своите фотографии ги доловува младите девојки од предградијата, пренесувајќи силна порака – борба за слобода на изразувањето, слобода на нивната сексуалност и борбата за крај на цензурата за женското тело.

 

ХОЛАНДСКИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ БАРААТ БЕНИФИЦИРАН РАБОТЕН ВЕК

Сексуланите работници од холандските даночни служби побараа за нив да важат истите правила за добивање пензија кои важат и за фудбалерите, што подрзабира краток работен век, т.е. бенифициран стаж.

 

ВО АМСТЕРДАМ СЕ ОТВОРА МУЗЕЈ НА ПРОСТИТУЦИЈАТА

Музејот наречен “Red Light Secrets“ е наменет за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за начинот на кој се врши најстариот занает во светот, без притоа да побараат услуга од проститутка. Едукативниот музеј, е сместен во една поранешна јавна куќа и во него ќе биде сместена историјата за проституцијата во Амстердам.

 

ТРАДИЦИЈАТА НА ГЕЈШИТЕ:

ДРЕВНА УМЕТНОСТ ИСПРЕПЛЕТЕНА СО НИЗА ЗАДОВОЛСТВА

Гејшите во јапонската традиција се споменуваат од почетокот на 7-от век, но во текот на 18-тиот век оваа професија доживува нова експанзија. И денес гејшите постојат, но во многу сегменти се прилагодени на денешното време.

 

ЧЕТИРИТЕ НАЈПОЗНАТИ ЖЕНИ НИЗ ИСТОРИЈАТА КОИ ДАВАЛЕ СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ

Овие четири познати жени во одреден дел од својот живот давале сексуални услуги за уживање на мажите во замена за пари.

Нивните животни приказни имале различни почетоци и различни краеви, доаѓале од различни делови на светот, но сите тие го заслужиле своето место во историјата.