
26 Mar Претставен постерот за овогодишниот солунски геј прајд
Организаторите на солунскиот геј прајд денекса го промовираа постерот за овогодишниот солунски геј прајд. Покрај грчката и англиската верзија, постерот е направен и во верзии и на македонски и на албански јазик. Оддржувањето на геј прајдот е закажано за 20 и 21 јуни. Солунскиот геј прајд оваа година го одбележува својот трети јубилеј.
Оранизаторите срдечно ги канат ЛГБТ организациите и воопшто граѓаните на Република Македонија да дадат поддршка со своето присуство на овогодинешниот настан.
Посетете го официјалниот сајт на Солунскиот геј прајд овде.