Израелскиот парламент ја забрани дискриминацијата врз ЛГБТ младината во училиштата

Израелскиот парламент ја забрани дискриминацијата врз ЛГБТ младината во училиштата

Ерусалим, Изреал – Минатиот вторник израелскиот парламент го усвои предложениот закон со кој се забранува дисрминацијата во училиштата врз основа на сексуалана ориетација или родов идентитет.

 

Дваесет и пет членови парламентот гласаа „за“, а само двајца беа „против“. Спонзорот на законот, пратеникот Дов Кенин од партијата Хадаш, изјави дека ова е првиот израелски закон со кој се забранува дискриминација врз основа на родов идентитет.

 

„Отсега правата на ЛГБТ младината е осигурана во секое училиште во земјата“- изјави Кенин. И додаде: „Со овoј закон не се заштитува само ЛГБТ младината, туку сите ученици. Доколку некој се соочува со вербално насилство, тогаш физичкото насилство врз ЛГБT заедницата би можело да стане секојдневие“.

 

„Усвојувањето на законот претставува јасна порака: сакаме да живееме во општество во кое сите имаме еднакви права, а да се бориме за оваа цел преставува одговорност на сите граѓани“ – додаде тој.

 

Истржувањата на израелската Организација на геј младината (ИГИ), кои беа предадени на пратенците како подршка за усвојувањето на законот, покажуваат дека педесет и два проценти од ЛГБТ младината во Израел се соочува со говор на омраза, а осумдесет и четири проценти изјавиле дека зборвите „геј“ и лезбејка често се користат како навредливи термини.

 

Покрај вербалното насилството, четвртина од ЛГБТ младината соопштила дека во училиштата се соочува со сексуално злоставување, секој десети се соочил со физичко насилство, а четириесет и седум проценти од ЛГБТ учениците се пожалиле дека наставниците не преземале акција против вербалното насилство. Скоро четвртина одговориле дека дури и наставниците употребувале говор на омраза.

 

Шаи Дотиш, претседателот на ХаАгуда, најголемата израелска ЛГБТ застапничка група, изјави за ЛГБТК Нејшн: „Усвојувањето на овој закон е важен чекор, по години на правна борба, го добивме првиот закон со кој се забранува дискриминацијата врз основа на родов идентитет“.

 

Дотиш кажа дека се надева дека ова ќе биде првиот од многуте закони кои ќе бидат усвоени во парламентот во борбата за целосна еднаквост.

 

Извор: LGBTQ nation