17 Mar Промоција на Декларација за осуда на говорот на омраза и дискриминаторски говор кон жените, лезбијките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите лица и маргинализираните заедници
На 18-ти март во 11 часот, во ЕУ Инфо Центарот ќе се одржи прес-конференција за промоција на Декларација за осуда на говорот на омраза и дискриминаторски говор кон жените, лезбијките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите лица и маргинализираните заедници во текот на изборната кампања поддржана од 8 политички партии.
Целта на оваа декларацијата е неупотреба и осуда на говорот на омраза кон жените, ЛГБТИ и маргинализираните заедници и покажување политичка волја за промовирање на култура на демократски дијалог во пред/изборниот период.
На конференцијата ќе земат учество претставници на организациите иницијатори и претставници на политичките партии кои ја поддржаа декларацијата.
Декларацијата е иницијатива на Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центар за поддршка, Акција Здруженска, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ и Национална Мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.
Ќе ни претставува огромно задоволство доколку присуствувате на овој настан.