09 Mar Шведска е четвртата европска нација која ја прекина помошта на Уганда
Стокхолм, Шведска – Минатата среда владата на Шведска најави дека ќе ги замрзне фондовите за развој наменети за Уганда поради анти-хомосексуалниот закон кој беше усвоен минатиот декември и кој минатиот месец беше потишан од страна на претседателот на Уганда Јовери Мусевини.
„Владата повторува дека силно го осудудува овој потег на Уганда со кој се прекршуваат основните права на хомосексуалците, бисексуалнците и трансродовите луѓе“- изјави министерката за Меѓународна соработка и развој Хилеви Енгстром, пренесува АФП.
„Помошта на Шведска не е безусловна. Затоа владата одлучи да ги замрзне исплатите наменети за Уганда“ -додаде таа без да посочи за колкава количина на средства се работи.
Енгсторм рече дека нејзината земја ќе продолжи да им помага на невладните организации.
„Ние сакаме преку други канали да ги поддржиме хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица во Уганда“ – рече Енгсторм.
Во 2012 Шведската помош за Уганда изнесуваше над дваесет и шест милиони евра од кои четириесет и два отсто беа наменети за промоција на демократија, човекови права и родова еднаквост.
Минатата недела Холандија исто така ги замрзна средствата наменети за правниот систем во Уганда, сооштувајќи дека помошта во износ од две милиони евра не треба да бидат искористени за практување на закони кои ги прекршуваат човековите права и дека владата на Холандија нема да помага такви закони.
Владите на Данска и Норвешка исто така соопштија дека како последица на усвојувањето на атни-геј законот во Уганда ќе ги пренасочат средствата во иснос од осум и пол милиони евра во иницијативи од приватниот сектор, агенции за помош и организации кои се борат за човековите права, пренесе Ал Џезеира.
Минатата недела Светската банка го оддложи кредитот во иснос од деведесет милиони долари наменети за нејзиниот здравствен систем токму поради усвоениот закон.
Со новиот анти-геј закон во Уганда се зголемија казните за истополови сексуални акти во обид, а според него т.н „влошена хомосексуалност“, односно секс со лица кои што се ХИВ позитивни или малолетници, ќе се казнува со доживотна затворска казна.
Извор: LGBTQ nation