
06 Mar Далај Лама вели дека геј бракот е во ред и дека малтретирањето на ЛГБТ луѓето е погрешно
Во едно ретко интервју, Далај Лама изјави дека тој смета дека истополовиот брак е „ок“, a исто така и дека е против малтретирањето на ЛГБТ луѓето.
Зборувајќи со Лери Кинг во интервју кое ќе се емитува на 10 март, тибетанскиот духовен лидер рече дека е во ред истополовите парови да можат да се венчаат, но исто така кажа дека тоа е „индивидуална работа“.
На прашањето дали истополовиот брак треба да биде универзално прифатен, тој рече: „Тоа зависи од законите во земјата. Мислем дека е во ред! Мислам дека тоа е лична работа. Доколку две личности навистина се чувствуваат така, доколку е попрактично, им претставува задоволство и двете страни се согласуваат, тогаш во ред!“
Кога беше запрашан од страна на Кинг за рускиот анти-геј закон во посредба со зголемениот број на сојузни држави во САД кои дозволуваат истополови бракови, Далај Лама рекол дека мисли дека „традициите“ треба да се зачуваат.
Тој рекол: „Мислам дека тоа е лична работа. Луѓето кои веруваат и кои имаат посебни традиции, треба да си ги следат традициите. Како и во Будизмот – постојат рзлични видови на сексуални престапи, па треба правилно да го следите Будизмот“.
За малтретирањето на ЛГБТ лицата тој изјави: „Тоа е погрешно, тоа е прекршување на човековите права“.
Целосното интревју ќе биде емитувано на 10 март на Ora.tv, а засега можете да погледне дел од него овде.
Извор: Pink News