21 Feb Гамбискиот претседател ветил дека “ќе се бори против хомосексуалноста како што се бори против маларијата“
Минатиот вторник гамбискиот претседател Јаја Џаме изјави дека ЛГБТК луѓето претстауваат „штеточини“ и дека владата ќе се бори против нив како што се бори против комарците кои предизвикуваат маларија.
Џаме ги даде овие изјави за време на телезвизиска програма посветена на четириесет и девет годишнината од прогласувањето на независисност на Гамбија.
„Ќе се бориме против овие штеточини кои ги викаат хомосексуалци или гејеви на истиот начин на кој се бориме против комарците кои предизвикуваат маларија, ако не и поагресивно. Нема да прифатиме ниту едно пријателство, помош или друг гест кои не условува да ја прифатиме хомосексуалноста или ЛГБТ како што се наречени од силите кои ги промовираат“ – рекол Џаме.
„Ако ме прашувате мене ЛГБТ значи Лепра, Гонореја, Бактерија и Туберколоза, кои знаеме дека се штетни за луѓето“ – изјавил тој.
Џаме беше критикуван од страна на меѓународната заедница поради лошата состојба со почитувањето на човековите права во земјата, а особено поради тоа што егзекутирал голем број на затвореници во 2012.
Гамбискиот претседател се најде на листата на најлошите анти-геј злосторници за 2013 составена од страна на Хјуман Рајст Воч откако изјавил дека геј луѓето претставуваат закана за човештвото, дека геј правата се голема грешка за Африка и дека луѓето од ист пол не смеат да се веначаат или да имаат состаноци.
Во 2008, тој беше критикуван од страна на официјални лица од Европската Унија затоа што се обрза да воведе закони построги од оние во Иран, каде што хомосексуалните акти се казнуваат со смрт. Џаме потоцна ја повлече заканата дека ќе ги обезглавува геј луѓето, но изјави дека ќе бидат избркани од своите домови.
Во Гамбија истополовите врски и сексуалните активности се забранати и се казнуваат со четиринаесет години затворска казна.
Извор: LGBTQ Nation.