Промоција на Прирачник со меѓународни стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Промоција на Прирачник со меѓународни стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ има чест да ве покани на промоција на Прирачникот со меѓународни стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет која ќе се одржи на 19 февруари (среда) во 13.00 часот во ЕУ Инфо Центарот.

 

Во прирачникот се претставени одредбите за забарана и заштита од дискриминација во најзначајните меѓународни договори за заштита на човековите права усвоени од Обединетите Нации како и правната пракса на одделните Комитети во случаи на заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, како и препроаките и согледувањата на Комитетите во врска со сексуалнта ориентација и родовиот идентитет како заштитени основи. Понатаму, дадени се најзначајните пресуди на ЕСЧП во врска со случаи за заштита на правата на лицата со различна сексуална ориентација и родов идентитет. И на крај, прирачникот дава осврт на правната рамка на ЕУ и неколку случаи на Европскиот суд на правдата.

 

Целта на овој прирачник е да се поттикне создавањето на правна пракса за заштита од дискриминација со примена на меѓународните стандарди за заштита на човековите права на национално ниво.

 

Агенда на промоцијата:

 

13.00- 13.15 Промоција на прирчникот од страна на авотрката Наташа Бошкова

 

13.15- 13.30 Излагање на Г. Душко Миновски, Претседател на Комисијата за заштита од дискриминација

 

13.30- 13.45 Излагање на Судијката Маргарита Цаца Николовска, Судијка на Уставниот суд во БиХ

 

13.45- 14.00 Дискусија (прашања и коментари)

 

14.00- 14.30 Кафе

 

 

 

Лице за контакт

 

Ирена Цветковиќ

 

Тел: 070 591 311, 02 3214 269