03 Feb Објавен седумнаесетиот број на С-ВОРК
СТАР-СТАР го објави седумаесетиот број на магазинот С-Ворк кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.
Во новиот број ќе може да прочитате:
ЕРОС МАГАЗИН ОД 1962 ГОДИНА
Ралф Гинзбург e американски автор, издавач, фотограф, уредник. Тој бил многу познат по издавањето книги и магазини со тематики за еротика, секс и уметност се до 1963 година кога бил обвинет дека дејствува и работи против федералните закони во САД. Една година предходно во 1962, Гинзбург го објавува првото негово големо дело, магазинот Ерос, кој беше широко дистрибуиран…
ПРОСТИТУЦИЈАТА ВО СРБИЈА – ЕДНО ОД МОЖНИТЕ ЛИЦА
Публикацијата Проституцијата во Србија – едно од можните лица, се јавува како резултат од истражувањето за сексуалната работа во Србија, кое здружението на граѓани S.T.R.I.K.E. од Нови Сад го реализираше во 2013 година. Целта била да се соберат и анализираат релевантни податоци (полиција и правосудство), но и ставови на жените кои се сексуални работнички, мажите кои купуваат секс услуги, припадниците на полицијата, феминистички и левичарски групи како и претставници од институции …
СЕКСУАЛНА РАБОТА ПРЕКУ РАДИО
Граѓанско радио или радио станица попознато во САД како CB radio е систем на кратки радио дистанци и најчесто се користи за индивидуална комуникација на кратки растојанија. Во САД овој систем на комуникација го користат многу сексуални работнички, што дури и во некои категоризации на типови на сексуална работа стои : CB radio Prostitution…
СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО СВЕТСКИТЕ МЕТРОПОЛИ
Градовите во кои можете да најдете и добиете секаков вид сексуални услуги и забава, секогаш постоеле низ историјата – од стариот Рим па сè до денешен Шангај. Во 21 век новите градови нудат разни опции и можности за сите оние кои бараат да бидат услужени од некоја девојка. Еве ги тие најпознати „престолнини на сексот“.
КРИСТИ КЕНИОН, ТАРА ПАТРИК И ЏЕНА ЏЕЈМИСОН
Индустријата за филмови за возрасни можеби е профитабилна додека сте дел од неа, меѓутоа по заминувањето во пензија, порно актерките немаат никаква парична заработувачка, поради што многу од нив остануваат без средства за живот и живеат од заштеда. Има и такви чии приказни се поинакви….
Новиот број на магазинот можете да го преземете овде.