Колорадо ја лелализираше продажбата на марихуана

Колорадо ја лелализираше продажбата на марихуана

Полцијата во Колорадо ги зголеми патролите во близина на продажните места откако оваа американска сојузна држава ја дозволи продажбата на марихуана за рекреативна употреба.

 

Продавниците ја планираа прославата и ангажираа дополнително обезбедување за да бидат спремни за потенцијалните толпи од потрошувачи. Некои од потрошувачите кампуваа преку вечерата за да следното утро купат една унца (28,3 грама) легална трева.

 

Поседувањето, одгледувањето и личната приватна употреба на марихуана од страна на возрасни лица е легална во Колорадо веќе една година, но таканаречената „Зелена среда“ претставува пресвртница за движењето за легализација.

 

„Никој досега го нема направено ова“ – вели Робин Хакет, менаџер на продавницата за трева Ботана Кер кој ангажираше диџеј за пречек за потрошувачите.

 

Во еден склад во едно предградие на Денвер, три работници на Ботана Кер ролаа стотици цигари со марихуана.

 

„Очекуваме да спремиме 2000 џојнти додека да ја отвориме продавницата на 1-ви јануари“ – вели Хакет.

 

Колорадо изработи елабориран систем за следење за да се осигура дека дрогата нема да се појави на црниот пазар, а посебни регулатотори работат на пакувањето, етикетирањето и тестирањето на тревата.

 

Меѓународниот аеродром во Денвер инсталираше знаци со кои посетителите се потсетуваат дека не можат легално да ја изнесат марихуаната од државата.

 

„Знаеме дека Колорадо сега се наоѓа под силен надзор“ – изјави Џек Финлоу, адвокат на гувернерот Џон Хикенлупер и надзорник на комисијата за новите закони за марихуана.

 

Од друга стрна, критичарите стравуваат дека легализирањето на марихуаната за рекреативни потреби ќе донесе сериозни проблеми во јавното здравство.

 

„Ова придвижување во јавната политика во основа се спротиставува на напроите за обезбедувањето на ментално и јавно здравје“ – вели Патрик Кенеди, поранешен конгресмен и раководител на Smart Approaches to Marijuana, организација која се спротиставува на легализацијата.

 

Заедно со сојузната држава Вашингтон, Колорадо го легализираше поседувањето и употребата на мала количина на марихуана од страна на возрасни лица за немедициснки намени преку референдум кој беше спроведен во ноември 2012.

 

Властите проектираат дека откако системот ќе стане целосно оперативен, продажбата на марихуана ќе донесе годишни приходи од 578 милиони американски долари со што ќе се генерираат 67 милиони долари од платен данок.

 

Извор: Sky