Венецуела: Владата да обезбеди азил за геј лицата од Уганда

Венецуела: Владата да обезбеди азил за геј лицата од Уганда

ЛГБТ организациите заедно со венецуелскиот претседател Николас Мадуро започнаа петиција министерството за надворешни работи да започне да одобрува азил на ЛГБТ лица од Уганда.

 

Овој потег беше преземен откако минатата недела од страна на парламентот во Уганда беше усвоен нов анти-геј закон со кој се предвидуваат доживотни казни за лица кои повеќе пати ќе бидат фатени во хомосексуални акти.

 

Минатата среда на официјалниот владин телевизиски канал во Венцуела АВН беше најавено дека активистите ќе побараат од министерството за надворешни работи да ги укине сите видови на соработка или планови за зајакнување на врската во Уганда давајќи јавно соопштение наменето за меѓународната заедница и Уганда, и да започне да дава азил на геј лица од Уганда.

 

Членовите на ЛГБТ групите во кои се вклучени Hugo Chávez Command for Sexual Diversity, Equality Venezuela и the Venezuelan United Socialist Party Youth Committee минатиот четврток му врачија пишано соопштение на владиниот претставник.

 

Во интервју за ЕФЕ новинската агенција, ЛГБТ активистот и универзитетски асистент Чеа Родригез, изјави: -„Причината поради која дојдовме во венецуелското минстерство за надворешни работи е тоа што сметаме дека боливариската влада денеска не претставува која било влада во светот барем кога станува збор за земјите од третиот свет. Ова е земја која има огромно влијание“.

 

Тој се надева дека венецуелската влада ќе може да даде притисок да ги натера властите во Уганда да го сменат своето мислење за законот, со кој исто така луѓето кои се на надредени позиции се приморани да пријавуваат хомосексуални прекршоци во рок од дваесет и четири часа или да се соочат со парична казна или затворска казна во траење од три години.

 

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени треба да го потпише законот за да тој стапи на сила, и тој изјави дека внимателно ќе го провери пред да го стори тоа: – „Најпрво ќе го проверам, доколку сметам дека е во ред ќе го потпишам, но доколку најдам нешто што не е во ред, тогаш ќе го вратам на парламентот“.

 

Минатиот петок Високиот комесар за човекови права на ОН го повика Мусевини да не го потпише законот. Равина Шамадасани, порпаролката на канцеларијата на Високиот комесар, предупреди дека новиот закон нема само да влијае на основните права на ЛГБТ лицата во Уганда, туку и на работата на заштитниците на човековите права и напорите за справување во ХИВ/СИДА во земјата.

 

Таа додаде дека ако претседателот го потпише законот тој повторно ќе воведе стигмата и предрасуди и ќе ја институционализира дискриминацијата.

 

Извор: Gay star news