Врховниот суд во Канада ги укина законите за проституција

Врховниот суд во Канада ги укина законите за проституција

Врховниот суд на Канада ги укина законите кои се однесуваат на проституцијата во земјата, велејќи дека забраните за улично подведување, за бордели и за заработувањето од проституцијата претставуват сериозна опасност за ранливите жени и според тоа ги прекршуваат основните права на Канаѓаните.

 

Врховиот судија Беверли МекЛахин потенцираше дека оваа одлука не се однесува на тоа дали проституцијата би требало да биде легална или не, туку на тоа дали парламентарните средства за контрола ги прекршуваат уставните права на сексуалните работници/чки.

 

„Парламентот ја има моќта да ги регулира непријатностите, но не по цена на здравјето, безбедноста и животите на сексуалните работици/чки“- напиша таа.

 

Прохибицијата ги зголемуваат ризиците. Тие не ги поставуваат условите за тоа како фунционираат сексуалните работници/чки. Тие одат еден критичен чекор понатака, со наметнувањето на опасни услови за проституцијата, тие спречуваат луѓето кои се втурени во ризични, но легални, активности да преземат чекори за да се заштитат себе си од ризици“ – вели таа.

 

Судот ја суспендира својата одлука во траење од една година за да му даде на парламентот време да одговори. Сега редот да реагира е повторно во рацете на министерот за правда Петер МекКеј, кој треба да одлучи дали да усвои нови забрани и доколку го направи тоа да се осигура дека тие забрани нема да одат наспроти судот.

 

Г-динот МекКеј сугерираше дека влдата ќе продолжи да гледа на ист начин на забраната на проституцијата. Владата „ги разгледува сите можни опции да се осигура дека кривичниот закон продолжува да ги тангира важните штети кои проституцијата и ги нанесува на заедницата, на оние кои се инволвирани во проституција и ранливите лица“ вели тој. Судот сугерираше дека парламентот има широки опции за криминализација на активностите поврзани со проституцијата, дури можеби и да задржи одредени аспекти на постоечките закони. Судот смета дека прохибицијата на уличното подведување, борделите и профитирањето од проституцијата се поврзани и имаат меѓусебно влијание.

 

Опфатот на една мерка, на пример, дозволувањето сексуалните работници/чки да користат персонал за обезбедување може да влијае на уставноста на друга мерка, на пример, забраната на

непријатностите поврзани со водење на бордел. Законот за проституцијата е компелксна и деликатна работа. Парлементот ќе мора да изнајде нов пристап преку кој ќе се рефлектираат различните елементи на постоечкиот режим“. Во новите закони би требало сериозно да бидат разгледани безбедносните грижи кои ги имаат луѓето кои се занимаваат со сексуална работа – изјави Елејн Крег, професорка по право на Далхауси универзитетот.

 

Владата има широк сет на опции. „Колку што можам да кажам не постои уставна пречка за забраната за трговија со секс, со тоа што шетата која ја предизвикува законот грубо не ги надминува целите на федерланата влада“ -вели проф. Крег.

 

Таа вели дека законите за проституција кои биле укинати од судот биле „закони за непријатности“. Тие се обидуваа да осигураат дека луѓето кои живеат во побогати населби нема да бидат експонирани на сексуална работа. Овие закони не беа усвоени со цел да се заштитат сексуалите работници/чки. Оваа одлука е една од најважните откако беше усвоен Канадскиот чартер за правата и слободите во 1982 и со него се променија долготрајните каратеристики на канадското право, исто како и со преходините чартер одлуки за геј бракот и абортусот. Законите против борделите и макроата датираат од предконфедерацискиот период.

 

Федералната влада се залагаше сексуалните работници/чки да одберат да ги прифатат ризиците на оваа опасна професија, како, на пример, насилството од страна на клиентите. Но, судот соошти дека раниливите индивидуи влегуваат во проституцијата не секогаш според сопствена волја.

 

„Додека некои проститутки можат да бидат опишани како личности кои слободно одбрале да влезат во ризичните активности на сексуалната работа, другите немале избор. Не прави разлика тоа што макроата претставуваат непосреден извор на зло од кое страдаат проститутките. Насилството на макроата не ја намалува улогата на државата во оставањето сексуалните работници да бидат поранливи на тоа насилство“.

 

Судот наведе специфични штети кои ги предизвикуваат секој од трите закони. Забраната за борделите спречува сексуалните работници/чки да работат на безбедни затворени локации. Законот против заработувањето преку проституција е наменет за марката, но тој исто така забранува „легитими возачи, бодигарди или менаџери…сметководители или рецепционисти“. Забраната за улично подведување е наменета да ја тргне проституцијата од јавниот простор за да спречи непријатност, но ги загрозува сексуалните рабтници/чки не им овозможува да обиваат опасни клинети и затоа е контрадикторен со својата намена, соопшти судот.

 

Судот, во кој повеќето од судиите се назначени од страна на премиерот Стивен Харпер ја следи истата линија која беше воведена пред две години, кога само двајца од судиите во деветочлениот суд беа назначени од Харпер, со која едногласно и нареди на федералната влада да не ја затвори ванкуверската клиника во која луѓето можеа безбедно и под медицински надзор да инјектираат дрога.

 

Одлуката не значи дека проституцијата ќе биде легализирана. Конзервативната влада би можела да усвои нови закони со кои проституцијата и поврзаните прекршочни дела би станале криминални активности. Доколку проституцијата се легализира, градовите ќе се соочат со предизвикот каде да ја дозволат, да одбијат да ја дозволат или да ја ограничат на одредени места.

 

Тери-Жан Дефорд, една од трите сегашни и поранешни сексуални работници кои ги спореа кандските закони за проституција, во судот изјави дека била злоупотребувана како дете, дека влегла во проституцијата кога имала шестнаесет години за да може да обезбеди пари за својата зависност од дроги и онаа на нејзиното триесет и седум годишно момче, и била групно силувана повеќе пати како улична проститутка во Винипег, Каљари и Ванкувер.

 

Извор: Globe and mail