Изложба “Sex Work in Art”

Изложба “Sex Work in Art”

Граѓанската Иницијатива за Промоција и Унапредување на Правата на Сексуалните Работници СТАР-СТАР, со огромно задоволство Ве поканува на Изложба “Sex Work in Art” како составен дел од кампањата по повод Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници – 17ти декември. Пораката која сакаме да ја пренесеме и да кажеме СТОП на насилството е јасна: Тортура не е Култура !!!

 

Отварање на изложбата: 20:00 часот во Концепт 27 (Франклин Рузвелт 37, 1000 Skopje)

 

Уметноста е човечка активност. Производ на таа активност или идеја за истата се и делата на двајца млади уметници кои својата инспирација ја пронашле во сексуалната работа и сексуалните работници.

 
Ќе бидат презентирани пет трудови изработени во техника масло на платно од уметникот Никола Анѓеловски кои главно се концентрирани кон фигуративната глетка поттикната од фотографии од гламурозните магазини на медиумите за масовна комуникација. Потенцирајќи одреден момент од животот на сексуалните работници – потребата од сокривање, оттргнување, свесно влегување во маргините, привидната баналност на мотивот да формира своевиден знак за времето во кое живеат онака како што тие тоа го чувствуваат…

 
“Спинтрии” на тема Сексуална работа од авторката Симона Манчева ја прикажува историјата на сексуалната работа која отсекогаш постоела. Во минатото се наплатувала со посебни монети спинтрии кои најчесто биле изработувани од бронза или месинг, додека таа денес ги изработува од калај. Тие со својот релјеф го прикажуваат сексуалниот живот на луѓето, со што сексуалниот дискурс привлекува внимание. На спринтиите преовладуваат приказите од маж и жена, но сепак се прикажани и хомосексуални прикази и сексуален чин со повеќе луѓе.

 

Музички избор : Петар Антевски

 

Вашето присуство ќе ни претставува посебно задоволство и чест.