10 Dec По Русија: ЛГБТ правата се човекови права во целиот свет
Хомофобичното и трансфобичното насилство се случува насекаде. Проблемот со анти-ЛГБТ насилството во Русија стана контроверзно прашање во последните неколку месеци што во одреден дел се должни на Зимските Олимписки Игри во Сочи чие оддржување се наближува. И доколку со следењето на овие настани се посветува значително внимание на влошената ситуацијата на руските ЛГБТ лица, често се занемарува фактот дека хомофобичното и трансфобичното насилство е проблем кој постои во секој регион на светот, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави.
Во повеќе од седумдесет земји истополовите врски се нелегални, а во пет земји тие можат да резултураат со смртна казна. Списокот на прекршувања на човековите права врз основа на сексуална ориентација и родова еднаквост е застрашувачки, и според Обединетите Нации, вклучува „убивања, силувања и физички напади, тортура, произволен притвор, скратувања на правото на јавен собир, изразување и информирање и дискриминација при вработување, здравствена заштита и образование“.
Само пред неколку месеци во Камерум беше измачуван и убиен ЛГБТ активистот Ерик Охена Лембембе. Мирните собири на ЛГБТ групите во Уганда беа прекинувани повеќе пати. Обидите за оддржување на паради на гордоста во Украина завршија со насилство, а во Молдавија законот против ЛГБТ „пропагандата“ има потенцијал да ја загрози слободата на говорот.
Сепак овие болни примери се недоволни доколку не се земе предвид отпорноста и креативноста на ЛГБТ заедниците и нашите сојузници. Од Боливија до Малезија, активисти и организации постојано работат за да ги одбранат човековите права на лезбејките, геј луѓето, бисексуалците и трансродовите луѓе.
ЛГБТ активистите ширум светот го употребуваат правото на мирен собир. На пример, во Гујарат, Индија се одржа првата ЛГБТ парада. Активистите во Белград ја оддржаа својата парада иако беше официјално забранета. Во Пекинг се случи вториот годишен собир на ЛГБТ активистите со претставници од дваесет и осум региони ширум земјата.
Универзаланата декларација на човекови права токму тоа: универзална. Таа се однесува на сите луѓе во сите земји или како што Хилари Клинтон, Бан Ки-Мун и други лица имаат изјавено на различни начини: „ЛГБТ правата се човекови права, и човековите права се ЛГБТ права“.
Вниманието посветено на ЛГБТ проблемите, за среќа, станува се поголемо. Но, да се фокусираме само на една нација претставува кратковидост и со тоа се игнорираат човековите права и достоинството на голем број луѓе ширум светот.
Автор: Рандал Мејсон
Извор: Huffington post