10 Dec Организацијата Стоунвол објави нов прирачник за ЛГБТ активисти
Денеска организацијата Соунвол објави нов водич за активистите ширум светот за начинот на кој можат да соработуваат со британската влада. Тој нуди практични информации потребни за ефективна работа со британската канцеларија за надворешни работи и одделот за меѓународен развој за унапредувае на човековите права на лезбејките, геј луѓето, бисексуалците и трансродовите луѓе во своите земји.
Водичот, кој е испратен на преку илјада и петстотини активисти, но и на британските високи комисии и амбасади ширум светот, содржи студии на случаи за тоа како досега британската влада ги поддржувала ЛГБТ активистите. Од 2011, Стоунвол досега има работено со активисти во преку триесет и пет земји во светот и ги поддржал во нивните кампањи и ја споделувал нивната експертиза произлезена од преку две декади на активизам.
Постариот меѓународен офицер на Стоунвол, Јасмин О’Конор, изјави: „Од нашата работа со дузнина ЛГБТ организации на глобално ниво знаеме дека тие на Велика Британија гледаат како на светилник за геј еднаквост и како клучен сојузник во нивните кампањи за основните права. Британската влада соопшти дека сака да работи со активисти во нивните земји и се надеваме дека овој водич ќе помогне во приближувањето на активистите и британската влада“.
Публикацијата може да ја преземете овде.