11 Oct ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 40 ЛИЦА НА ГЕЈ ПРАЈД
Москва, Русија – Руската полиција вели дека привела дузина анти-геј демонстранти и активисти за геј права за време настан за подршка на геј прајдот во централна Москва.
Протестот кој се одржа минатата сабота беше еден од неколкуте настани за подршка на геј правата кои биле сакнционирани од надлежните. Во изминатите години, неколку обиди да се одржи геј прајд во Москва и во други руски градови беа блокирани од страна на полицијата, активисти на Руската Православна Црква и фудбалски навивачи.
Московскиот портпарол на полицијата, Анатоли Ластоветски, рече дека четириест луѓе биле приведени за време на настанот.
Тој изјави за Асошиејтед прес дека полицијата испитува дали привела лица кои биле дел од настанот или пак лица од групата која се обидувала да го спречи.
За време на настанот, неколу лица биле видени како се обидуваат да ги нападнат учесниците со домати и покажувале постери со пежоративна содржина за хомосексуалноста.