27 Nov Камерунец осуден на девет години затвор поради истополова врска
Лимбе, Камерун -Камерунец бил осуден на девет години затворска казна поради кршењето на националниот закон против хомосексуалноста.
Триесет и пет годишниот Корнелиус Фонја бил обвинет за сексуално злоставување на четиринаесет годишно момче откако минатата година семејството на момчето го обинило за силување. Но, за време на судскиот процес се утврдило дека момчето има деветнаесет години и дека сексуалната врска била консензуална.
Фонја се наоѓа во затвор уште од октомври 2012, откако толпа на луѓе го грабнала и го однела во полициска станица.
Фонија побарал да плати кауција, но судијата го одбил барањето откако мајката на момчето изјавила дека нејзиниот син ментално заболил како последица на сексуалната врска.
ЛГБТ активистите од камерунската организација КАМЕФ соопштиле дека обвинението против Фонја не се базира на сведочење на очевидци во судот. Момчето и неговото семејство се појавиле во суд но никогаш не сведочеле против Фонја. Наместо тоа судијата се потпрел на изјавата на момчето кое тоа ја дало во полиција.
Според казнениот закон во земјата се предивидува максимална казна од пет години за оние кои што ќе бидат прогласени за виновни за истополови сексуални односи со возрасна личност, но правниците велат дека казната која му била изречена на Фонја преставува максимална казна за делото истополов секс со малолетник.
„Правниот систем во Камерун уште еднаш го покажа хомофобичниот контекст во кој моментално живееме, каде што е доволно да ве затворат само поради препоставката дека имате различна сексулна ориентација“ – изјави по судењето порпаролот на КАМЕФ. „Ние мораме да направиме нешто за да ставиме крај на постојаните кршења на човековите права од кои страдаат припадниците на ЛГБТ заедницата во Камерун“ – вели тој.
Активистите на КАМЕВ тврдат дека ЛГБТ заедницата во земјата се соочува со екстремна хомофобија.
„Членовите на ЛГБТ заедницата често се тепани на улиците, некои се каменувани до смрт, а други произволно апсени на основа на нивната воочлива или актуална сексуална орнетација и потоа се испраќани во затвор, откако ќе бидат осудени од страна на судија без никаков доказ за истополови преференци“ – вели активистот.
Минатиот јули истакнатиот камерунски геј и ХИВ активист Ерик Охена Лембембе беше брутано убиен во неговиот дом само неколку денови откако оддржа говор за зголеменото насилство врз ЛГБТ заедницата во земјата.
Изминатава година беше објавен и извештај од страна на четири организации за човекови права во кој се тврдеше дека Камерун осудува луѓе за консенсуални истополови односи поагресивно од која било друга земја во светот.
Извор: LGBTQ nation