Објавен ноемврискиот број на S-WORK

Објавен ноемврискиот број на S-WORK

СТАР-СТАР го објави четиринаесетиот број на магазинот С-Ворк кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.

 

Во новиот број може да прочитате:

 

Јас сум сексуален работник и горд сум на тоа! Comming out на еден сексуален работник

 

Додека го пишувам ова ми се тресат рацете. Нервозен сум, па дури може да се каже преплашен. Како ќе реагира мојата околина? Дали моите работодавачи ќе прочитаат? Што е со законот? Не знам, меѓутоа со сигурност ќе дознам набрзо….

 

Сексуалните работници на протест во Лондон

 

Сексуаланите работници се собраа на протест овој месец во центарот на Лондон. Тие протестираа за своите права и со цел да не бидат преместени од Сохо, местото каде постојано се движат за работа…

 

Запознајте ја Паола Ревениоти

 

Во 80-тите години, трансродовиот грчки уметник и сексуален работник Паола Ревениоти го објаува транс-анархистичкиот магазин „Kraximo“.Финасирана од сопствените приходи како сексуална работничка преставува пионер во борбата за геј и транс правата…

 

Илустрирана историја за проституцијата

 

Можеби проституцијата не е најстара професија според она познато „клише“ објаснување, како што е ловењето или собирањето плодови кај луѓето, меѓутоа точно е дека постоела во секоја рана цивилизација на Земјата.

 

Новиот број на магазинот можете да го преземете овде.