Фејсбук ја отстрани хомофобичната игра Kill to avoid Forest Sex

Фејсбук ја отстрани хомофобичната игра Kill to avoid Forest Sex

Фејсбук ја отстрани видео играта во која играчите пукаа во геј луѓе во имагинарна шума. Играта наречена Kill to avoid Forest Sex ги престауваше геј луѓето како голи и насилни сексуални предатори. За да напредуваат во играта, корнисниците требаа да пукаат во задникот на геј луѓето за да избегнат сексуален напад.

 

Минатиот четврток Фејсбук соопшти за Пинк Њуз дека апликацијата ги прекршила неговите услови за користење. Во соопштението на сајтот за социјлано вмрежување се вели дека тој оперира на високо саморегулирачко ниво и дека ги охрабрува Фејсбук корисниците да пријавуваат проблематични содржини.

 

Играта била создадена во 2002 од страна на Французинот Стефан Ажи. Групите кои се борат за геј правата во Франција веќе претходно се имаат обидено да ја сопрат циркулацијата на играта во границите на земјата.

 

Минатиот мај, Ејпл ја забрани христијанската апликација која тврдеше дека им помага на корисниците да се „излечат“ од хомосексуалност.

 

Минатиот месец, Теско се извини што на својот сајт ја продаваше куклата на надувување наречена Gay Best Friend и што дозволила зборот „геј“ да биде цензуриран.

 

Извор: pink news